Полската премиерка Беата Шидло објави порака на социјалната мрежа Твитер за која полските медиуми оценуваат дека претсавува најава за нејзина скорешна оставка.
Пораката беше објавена по состанокот на владејачката партија Право и справедливост, на кој се дискутирало за кадровски смени во Владата.
– Без оглед на се, најважното нешто е Полска, која се грижи за семејството, и вредностите, заснована на христијанските вредности, толерантна и отворена. Модерна и амбициозна. Тоа е мојата земја. Пример за Европа и за светот. Тоа сме ние, Полјаците, напиша Беата Шидло.
Ова поттикна шпекулации дека лидерот на партијата Јарослав Качински планира да ја преземе премиерската функција од Шидло. Како друг можен кандидат за премиер на Полска се спомнува министерот за финансии и развој Матеуш Моравецки.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.