Една жена беше убиена во руски ракетен напад на индустрискиот кварт во градот Харкив во текот на ноќта. Досега се знае за два напади., пренесува Укринформ.
„Во еден случај, ракета погоди приватна станбена зграда. Тело на жена беше пронајдено при отстранување на урнатините“, објави градоначалникот на Харкив, Ихор Терехов на Телеграм.
Во вториот случај, ракета паднала во близина на приватна резиденција.
Од фрагмент од ракета се запалила куќа. За среќа нема повредени.
За потсетување, две лица беа убиени во непријателско артилериско гранатирање на селото Золочив, регионот Харкив, на 5 септември.
Непријателот ја гранатираше областа Никопол, регионот Днепропетровск, со Град МЛРС, при што беа повредени цивили.
„Руските окупациони сили трипати го погодија округот со Град МЛРС. Во Никопол беа погодени станбени населби. Две лица се повредени – маж и жена. Тие се пренесени во болница. Лекарите ја оценуваат нивната состојба како умерена“, објави на Телеграм Валентин Резниченко, раководител на Регионалната воена управа на Днепропетровск.
Во градот беа оштетени 20 станбени блокови и 11 приватни згради. Уништена е една куќа. Непријателските гранати погодиле градинка, две училишта, центар за техничка креативност и спортски клуб. Оштетени се неколку гасни линии и автомобили.
Искинати се и неколку далноводи. Повеќе од 2.000 семејства останаа без струја. Екипите за итна помош веќе работат на санирање на линиите.
Руските сили го уништија училиштето бр. 2 Курахове во украинската област Доњецк.
„Доцна синоќа Русите извршија ракетен напад врз гимназијата, уништувајќи едно крило на четирикатница и оштетувајќи ги блиските станбени згради. За среќа, нема жртви“, напиша Павло Кириленко, началникот на регионалната воена управа на Доњецк.
Според него, ова е веќе 274-то училиште во регионот што е гранатирано од руските сили од почетокот на целосната инвазија, а 29-то што е целосно уништено.
Вкупно, 615 образовни институции се оштетени во регионот на Доњецк во последните шест месеци.
Подготви: Д.Мишев