ВЕСТ НА ДЕНОТ: Училиштата што ги исполнуваат условите може да организираат настава со физичко присуство
Учебната година може да почне со комбиниран модел и секаде каде што се исполнети условите од здравствените протоколи наставата ќе се реализира со физичко присуство во училиштата, независно од одделението и возраста на децата, предвидува Планот за почеток на учебната 2020/21 година од 1 октомври што го усвои денеска Владата на својата прва седница.
Планот на Министерството за образование се базира за потребата да се добијат максимални придобивки за учениците, вработените во училиштата и пошироката заедница, а воедно да не дојде до ширење на Ковид 19, рече на прес-конференција министерката за образование и наука Мила Царовска.
Таа ги повика општините да ги известат родителите и наставниците да ги разгледаат протоколите и понудената комбинираната настава.
При ваков тип на настава во училниците ќе присуствуваат најмногу 20 ученици, со час од 30 минути во основните и од 35 минути во средните училишта, петминутен одмор помеѓу часовите.
Царовска изјави дека сè уште не знае колку од учениците ќе ја следат наставата со физичко присуство, а колку онлајн.
– Тој процент ќе се знае по 15 септември, бидејќи во моментов тече повикот кон сите основачи или сите општини и совети на училиштата, кои треба да се обратат до Комисијата во Владата, која треба да им одговори позитивно или негативно. Во тој момент ќе имаме пресек колку од нив стартуваат со физичко присуство, а колку ученици ќе ја следат наставата со учење од далечина, рече министерката Царовска.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Владата донесе одлука и даде насоки за уривање на дивоградбата кај Мавровка.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на Зоран Заев му го честиташе реизборот за премиер на Република Северна Македонија.
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека засега нема назначено ниту еден советник бидејќи Владата е избрана пред неполни два дена.
Али Ахмети е повикан во Хаг како сведок“, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Осман.
Бујар Османи и Никола Димитров, кои денеска ги примопредоадоа функциите на вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи, не очекуваат пречки од соседна Бугарија во процесот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.
На 8 септември во Брисел земјите-членки ќе имаат дебата околу една верзија на предлог-преговарачката рамка, што ќе ја претстави германското претседателство со Европската Унија, изјави Никола Димитров, вицепремиерот задолжен за европски прашања.
МВР приведе тричлена терористичка група која делувала во земјава.
СЛОБОДНА ЗОНА
„На Заев од сопствено искуство треба да му е познато дека некои министри на ДУИ, поверни и попослушни некогаш му биле на Груевски, отколку што му беа претходните три години и во иднина ќе му бидат нему“, поентира Џевдет Хајредини.
Д. Муратов