ЦИВИЛ и Општина Гостивар денеска одржаа мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“ во Гостивар.
Ученици од осум основни училишта во општината учествуваа на конкурсот со избор од креативни ликовни творби, кои беа изложени во просториите на општина Гостивар. Со одлука на комисијата за оценување, градоначалникот Арбен Таравари додели награди на најуспешните учесници, а ЦИВИЛ додели сертификати за учество на сите што беа дел од овие активности.
Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, чија цел е промоција на мултикултурализмот и европските вредности во земјата, со посебен фокус на младите.
Проектот „Заедно за подобра иднина“ ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Фотографија: Горан Наумовски