Сите училишта во Туркије ќе бидат затворени една недела по разорните земјотреси што ја погодија земјата, соопшти денеска турскиот министер за образование Махмут Озер.
Претходно денеска потпретседателот на Туркије изјави дека училиштата во 10 градови и провинции во државата ќе бидат затворени една недела.
Најмалку 2.300 луѓе загинаа денеска во Туркије и Сирија по катастрофалниот земјотрес со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди јужниот дел на Туркије.
Најмалку 1.498 луѓе загинаа во Туркије, а 8.533 се повредени, соопшти шефот на турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.