• Latest

Укинувањето на екстерното тестирање во трка со времето

May 30, 2017
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Укинувањето на екстерното тестирање во трка со времето

May 30, 2017 10:16
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Учениците уште оваа година ќе полагаат екстерно тестирање, а прашањето колку тоа ќе влијае врз нивните завршни оценки, сè уште останува отворено.

Мандатарот Зоран Заев вчера за медиумите изјави дека укинувањето на екстерното тестирање ќе биде една од првите мерки на новата влада, односно, доколку е возможно, законот ќе биде изгласан пред 5 јуни, за кога е закажано тестирањето.

За неизвесноста во која се наоѓаат учениците, но и самите наставници и професори, за тоа колку ќе биде ефективно екстерното тестирање оваа година, колку ќе влијае на овогодишниот успех на учениците, разговаравме со Фросина Митрушева, професорка по математика во СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“.

„Според најновите измени на законите за образование, овој документ би послужил исклучиво како додатен критериум, кога за продолжување на образованието во повисок степен (од основно во средно или од средно во високо), при бодирањето по другите критериуми, повеќе ученици имаат ист број на бодови. Овој додаток на свидетелството е можно, ако постои добра воља од парламентарното мнозинство и новата Влада, да биде прогласен за неважечки за оваа учебна година и по спроведување на екстерното оценување, со што би се оневозможило негативното влијание на оценките од екстерното, при уписите на учениците во повисок степен на образование“, изјави Митрушева за ЦИВИЛ Медиа.

Од предложената министерка за образование и наука, Рената Десковска, јавноста очекува многу, со оглед на наследената состојба во образовнието од претходните министри.

Фросина Митрушева

На прашањето колку предложените законски измени за укинување на екстерното тестирање и за укинување на одредби од Законот за наставници во основните и средните училишта, по скратена постапка, ќе придонесат за подобрување на образовниот систем и дали со новиот избор за министер на образнование, може да се очекува поголема транспарентност и соработка, професорката Митрушева пред сè, истакна дека е потребна сеопфатна анализа на образовниот систем. Според неа, тоа подразбира анализа на стручноста и компетентноста на наставниот кадар, но и на стручноста и компетентност на вработените во ресорното министерство, кои се сепак, најодговорни за состојбите во образованието.

„ Сметам дека доброто образование треба да е приоритет на било која влада која работи за доброто на државата, бидејќи тоа е основата на целиот натамошен развој на граѓаните, а со тоа, и на самата држава. Затоа, од новиот министер за образование очекувам целосна транспарентност и соработка со сите чинители на образовниот процес  и на сите нивоа, со што ќе ја стекне довербата на граѓаните. Мислењата на најдиректно вклучените во образовниот процес, а тоа се наставниците и учениците, мора да бидат слушнати во сите наредни фази на работата во Министерството, ако се има вистинска волја за спас и придвижување на образованието кон потребите на дваесет и првиот век… Ние, наставниците знаеме дека процесот на промени може да биде многу мачен и болен, но подготвени сме да го прифатиме и да помогнеме во неговата реализација, ако тој води до поставување на образованието на вистинското место во општеството“, рече Митрушева за ЦИВИЛ Медиа.

Екстерното тестирање се предвидува за 5, 6, 8 и 9 јуни за учениците од основните и средни училишта.

Биљана Јордановска

Tags: екстерно тестирањеМинистерство за образованиеобразованиеРената ДесковскареформиФросина Митрушева
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ