Од движењето „Македонија блокира“ велат дека шаторите кои беа поставени пред Собранието се украдени. Утринава без нивно знаење екипи на градското комунално претпријатие го отстранија кампот и го раскреваат шутот.
Од „Единствена Македонија“ на Јанко Бачев, си ги бараат шаторите кои се во нивна сопственост. Од таму додаваат дека кампот бил отстранет по наредба на градските власти, а со асистенција на полицијата.
„Ако не ги вратат шаторите ќе тужиме за кражба. Освен тоа ќе дадеме наредба до сите општински комитети да се блокираат градовите, бетер ќе направи, да видам колку полицајци ќе ангажираат“, додаваат од таму.
Ако шаторите им се украдени, тогаш каде се луѓето што беа во шаторите? Дали можеби се киднапирани? Граѓаните се во исчекување да дознаат што се случи со луѓето што спиеле и живееле во шаторите пред Собранието на Република Македонија.
Д. М.