• Latest

Украина и Русија го прошируваат бојното поле, војната стигна и на руска територија

August 7, 2023

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Ознаката PRESS може да значи смрт

July 23, 2026

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украина и Русија го прошируваат бојното поле, војната стигна и на руска територија

August 7, 2023 14:55
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Украински беспилотно летало погоди руски нафтен танкер рано утрото во саботата во близина на источниот брег на Крим окупиран од Русија, еден ден откако украинско беспилотно летало погоди десантен воен брод во руската поморска база Новоросиск на Црното Море.

Нападите, кои се најсериозни врз руската морнарица од минатата година – се совпаднаа со новата директива од поморската управа на Украина која предупредува дека шест руски пристаништа на Црното Море ќе се сметаат за области со „ризична војна“ до понатамошно известување, пренесува Њу Јорк Тајмс.

Војната се враќа дома во Русија

Нападите надвор од воспоставените боишта доаѓаат додека руската војска масивно и непрекинато напаѓа цивилни цели во Украина со ракети и беспилотни летала, а Украина продолжува со контраофанзивата што ја започна на југ и исток пред околу два месеци.

Сега се води дебата за тоа дали Украина смее и како да напаѓа цели во Русија. Повод за тоа беше изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека војната постепено се враќа во Русија по серијата напади од  беспилотни летала врз главниот град на Руската Федерација, каде што била оштетена зградата до Министерството за одбрана, додека друг дрон удрил во деловниот центар Лерој Мерлин, и во последниот напад беа  погодени облакодери во богатиот московски кварт, а украинските морски беспилотни пловила нападнаа клучно руско пристаниште на Црното Море, оштетувајќи еден руски десантен брод по серијата напади во Русија, откако Кијив вети дека ќе ја врати борбата дома во Кремљ.

Украина има право да се брани, вклучително и воени напади на руска територија

Според меѓународното право, нападната држава има неприкосновено право да се брани, но, западните сојузници кои ја поддржуваат Украина, бараат од неа за противнапади на територија на агресорска Русија да го користи само своето оружје.

„Во дадени околности, кога постои руски напад преку граница, Украина има право да се брани. Ова право вклучува и воени напади на руска територија за да се одврати, спречи или запре актот на агресија“, објаснува американскиот професор по право и бивш дипломат Давид Шефер, кој предава на Универзитетот Аризона во државата Вашингтон, пренесува Дојче Веле.

Овие напади исто така можат да се одвиваат длабоко во позадината и не се ограничени на непосредна линија на фронтот. Но, напади врз цивилно население не се дозволени. Со меѓународното право се покриени и напади врз територијата под руска окупација, како што е полуостровот Крим, кој правно ѝ припаѓа на Украина, исто како и врз бродовите на руската воена морнарица во Црно Море.

Со кое оружје Украина смее да напаѓа цели во Русија?

Во принцип, допуштена е употреба на сите соодветни оружја, дронови, ракети, авиони, крстосувачки проектили. Меѓутоа, постојат политички договори меѓу украинското раководство и сојузничките држави, да не се користи оружје од западно производство за напади длабоко во позадината. Членките на НАТО стравуваат дека Русија тоа би можела да го искористи како изговор за натамошна ескалација на војната.

Шефот на американскиот генералштаб Марк Мили во мај изјави дека постои јасен договор оти американско оружје нема да биде користено на руска територија.

„Ова е украинска војна. Тоа не е војна меѓу САД и Русија. Не е војна меѓу НАТО и Русија, ова е војна меѓу Русија и Украина. Ние поддржуваме и опремуваме, помагаме, советуваме и обучуваме. Но, ова не е наша директна војна со Русија.“

1 милијарда долари во домашно производство на беспилотни летала

Украина вети дека нема да користи оружје доставено од Запад на руска територија. Ефектот на домашното производство беше зголемување на нападите во Русија. Видео-анализата на Тајмс за таквите напади со беспилотни летала покажа дека Украина лансирала двојно повеќе беспилотни летала камикази во Русија помеѓу мај и јули отколку во цела 2022 година.

Како што објави Анадолу, Украина кон крајот на Јули ги објави плановите да инвестира 40 милијарди украински гривни (околу 1 милијарда долари) во домашно производство на беспилотни летала оваа година.

„Ги елиминиравме царинските бариери за увоз на резервни делови и комплетни комплети. Уделот во профитот на производителите на UAV (беспилотни летала) е зголемен на 25%, а донесена е одлука која ќе го олесни масовното производство на муниција за беспилотни летала, вели во изјавата на Фејсбук премиерот Денис Шмихал.

Драган Мишев

 

Tags: беспилотни леталаруска агресија врз УкраинаУкраинацели во Русија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ