САФИТ ЗЕЌИРИ
Од пред 33 години, во далечната 1989г. заврши студената војна, светскиот поредок премина од биполарен систем во униполарен, а Соединетите Американски Држави (САД) по Втората Светска Војна станаа како единствена глобална суперсила во комерцијалната моќ и воените трошоци.
НАТО алијансата е создадена со потпишувањето на Северно-атланскиот договор на 4 април 1949г. со седиште во Брисел, Белгија. Организација која се покажа како силен сојуз и дополнително може да служи за безбедноста и на евроатлантските интереси преку системот на колективна одбрана, со кој нејзините земји-членки се обврзуваат на заедничка одбрана како одговор на напад од надвор.
Создавањето на НАТО директно и послужи на американската надворешна политика и стабилноста на Западна Европа, но, исто така и како колективна одбрана на земјите кои се плашеа од евентуална инвазија на Советскиот Сојуз.
Заради зачувување на безбедноста и стабилноста на стариот континент, организацијата започна проширување со членување на држави кои беа дел од поранешниот Советскиот Сојуз и државите по распадот на СФРЈ, како што се Словенија, Хрватска, Црна Гора и Северна Македонија.
Како резултат на сето тоа, во 2004 година, НАТО прифати седум нови европски држави: Бугарија, Романија, Словачка, Словенија, вклучително и трите балтички држави, Естонија, Латвија и Литванија, од кои две граничат со Русија.
Проширувањето на НАТО во Русија беше дочекано со тревога, особено по веста дека Грузија и Украина ќе бидат следните две потенцијални земји-членки кои ќе станат дел од Алијансата. Тоа Русија го покажа со преземање воени дејствувањето на делови од територијата на Грузија – Абхазија и Јужна Осетија во конфликтот во 2008 година, и во деловите на Украина – Крим и Донбас во 2014 година. Со ваквиот чин Русија спречи секаква можност за нивна интеграција во НАТО, а ова беше јасен сигнал дека Кремљ нема да толерира натамошно проширување на Алијансата до нејзините граници.
Украина, државата во Источна Европа, остана на раскрсница помеѓу своите соседи, Русија на североисток, Белорусија на север, Полска, Словачка и Унгарија на запад и Романија и Молдавија на југозапад, додека на југ излегува на Црно и Азовско Море.
НАТО и нејзините членки не успеаја да разберат еден од основните принципи на дипломатијата, кога една светската воена сила се чувствува загрозена, таа реагира насилно. Од тука, како резултат на оваа погрешна пресметка, двете поранешни држави на Советскиот Сојуз, Грузија и Украина и понатаму остануваат земји кои не практикуваат целосен суверенитет над својата територија и продолжуваат да бидат во состојба на замрзнат конфликт со Русија.
Речиси осум години Украина се наоѓа во оваа состојба на замрзнат конфликт и на геополитичка раскрсница меѓу Русија и Западот, а ситуацијата во источна Украина продолжува да биде нестабилна, со можност да ескалира во секој момент.
Западните земји треба за цел да имаат две работи, како прво, да ја обезбедат Украина, за да не се чувствува принудена да преземе непромислени мерки на претпазливост, како што се случи со Грузија во 2008, и како второ, да покажат поголема политичка поддршка за Украина, и по дипломатски пат да се дојде до решение за создадената состојба по последните случувања во Источна Европа, без притоа да охрабруваат нереални очекувања.
Владите на НАТО, односно триесеттите земји членки треба да се обединат околу напредокот на Украина кон членството во НАТО, без јасна временска рамка или јасен пат за постигнување на целта, во спротивно можно е во секој момент да дојде до најлошото сценарио.
Украинската влада во наредните денови треба да одржи што е можно повеќе состаноци на високо ниво со земји-членки на ЕУ и НАТО, за да ја изрази својата загриженост за ситуација. Во четвртокот Макрон имаше одвоени телефонски разговори со рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски, за можностите за продолжување на дипломатскиот пат што ќе доведе до де-ескалација на украинската криза, постигнување стратешка рамнотежа во Европа, ќе ги намали тензиите на теренот и ќе ја гарантира безбедноста на континентот. Според најавите од Елисејската палата, тој на 7 февруари ќе отпатува во Москва на разговор со Путин, а ден подоцна во Украина, каде ќе разговара со Зеленски.
Досега, сепак, нема доволно јасни показатели во јасноста за отпочнување на воен конфликт на територијата на Украина од страна на Русија, ниту пак, за тоа што би можел да направи Западот за да и помогне на Украина да го одбрани својот суверенитет и интегритет.
Сè што можат да направат западните земји и членките на НАТО, е да се погрижат да не завршат на поразената страна.