И покрај повлекувањето на Русија од иницијативата за жито, Украина, Турција и Обединетите нации се договорија за план за движење на 16 бродови кои се во турските води, изјавија за Ројтерс од Заедничкиот координативен центар (ЗКЦ) во Истанбул, каде што работат руски, украински и турски и персонал на ОН.
Трите делегации, исто така, се договориле да се обезбедат инспекции во понеделник на 40 бродови кои излегуваат.
Според ЗКК, руската делегација била информирана за двата плана.
Претходно, Русија ги обвини Украина и Обединетото Кралство за „терористички напади“ врз бродовите на Црноморската флота и најави повлекување од иницијативата за жито.
На 29 октомври 2022 година, експлозии го потресоа спристаништето на привремено окупираниот Севастопол. Украина не ја потврди својата вмешаност.
Подготви: Д. Мишев