Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, со срдечна порака на Твитер го честиташе 5 мај – Ден на македонскиот јазик.
5 мај – Ден на македонскиот јазик! Македонскиот јазик е духовно наследство, врска меѓу генерациите, јазик што се користи во ОН и со чија помош се потпишуваат меѓународни документи. Драги македонски пријатели, од срце Ви го честитам Денот на македонскиот јазик!
5 мај – Ден на македонскиот јазик! Македонскиот јазик е духовно наследство, врска меѓу генерациите, јазик што се користи во ОН и со чија помош се потпишуваат меѓународни документи.
Драги македонски пријатели, од срце Ви го честитам Денот на македонскиот јазик! pic.twitter.com/F0UyTr7sjY— Larysa Dir (@dir_larysa) May 5, 2023
Таа во честитката ги објави стиховите на великанот Блаже Конески:
„Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина. Се‘ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште “
Д. Мишев