• Latest

Украинската амбасадорка Дир на отворањето на „Алејата на Украина“: Вие сте наши сигурни пријатели и сојузници, ние заедно со вас се бориме за демократската иднина на светот

September 12, 2022
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинската амбасадорка Дир на отворањето на „Алејата на Украина“: Вие сте наши сигурни пријатели и сојузници, ние заедно со вас се бориме за демократската иднина на светот

September 12, 2022 14:00
in Uncategorized, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денес во Центарот на Скопје, свечено се отвори „Алејата на Украина“, на која беше организирана изложбата на фотографии која го демонстрира уништеното културно наследство на Украина.

На отварањето, Амбасадорката Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, во своето обраќање истакна дека заедно со Општина Центар и Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, денес, по повод Денот на Независноста на Украина, се отвора „Алејата на Украина“ во срцето на Скопје.

Според амбасадорката, ова е исклучително важна поддршка на нашата држава од страна на македонското општество, особено за време на вооружената агресија на руската федерација против Украина.

Војната веќе одзема многу животи од нашата држава, животи на деца, војници, волонтери, цивили,… Украина продолжува херојски да го брани не само сопствениот територијален интегритет и суверенитет. Украина, украинските војници и обичните луѓе во Украина ги бранат европските и универзалните човечки вредности по цена на сопствениот живот, истакна Амбасадорката Дир.

Амбасадорката нагласи дека Русија, државата терорист, ја продолжува својата крвава напаѓачка политика, продолжува да бомбардира цивилна инфраструктура, трговски центри, болници, железнички станици, цркви, училишта и градинки, да го уништува културното наследство на украинскиот народ.

Северна Македонија ја поддржува и ѝ помага на Украина во сите можни сфери. Вие сте наши сигурни пријатели и сојузници, ние заедно со вас се бориме за демократската иднина на светот, кажа Амбасадорката.

Таа се заблагодари на Општина Центар, на македонскиот народ и на патриотското здружение на Украинците.

Украинската амбасадорка ги покани присутните по завршувањето на официјалниот дел да се запознаат со фотографиите од злосторствата на русија против Украина, а поточно, да погледнат фотографии од уништеното културно наследство на украинскиот народ.

Фотографиите ги покажуваат последиците од погодените од страна на руски ракети и руски авиони цркви, училишта, спортски терени, библиотеки, болници. Некогаш просперитетните градови сега се претворени во руини. Но, ние ќе ги обновиме, ќе издржиме, ќе победиме. Слава на Украина!На Хероите слава!, кажа на крајот од своето обраќање Амбасадорката Украина Лариса Дир.


На следниот линк погледнете ја галеријата на фотографии од настанот.

На следниот линк погледнете го видеото од настанот.

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ