Украинските одбранбени сили соборија 138 руски дронови од типот Шахед и други беспилотни летала, додека 119 други исчезнаа од радарот, објави Укринформ, пренесувајќи ја објавата на Телеграм од воздухопловните сили на вооружените сили на Украина.
Украинската амбасадорка Лариса Дир ја потврди веста на социјалните мрежи, додавајќи го, како и секогаш, бројот на денови од почетокот на руската воена агресија во целосни размери – 1.096 – и хаштаговите #RussiaIsATerroristState и #StandWithUkraine.
„Ден 1096. Во ноќта на 23 февруари, рф ја нападна Украина со балистички ракети, 267 ударни дронови од типот Shahed и беспилотни летала-имитатори од различни типови. Украина се бори“, напиша амбасадорката Дир.
Ден 1096. Во ноќта на 23 февруари, рф ја нападна Украина со балистички ракети, 267 ударни дронови од типот Shahed и беспилотни летала-имитатори од различни типови.
Украина се бори.#RussiaIsATerroristState#StandWithUkraine pic.twitter.com/zQdYDo1IUK— Larysa Dir (@dir_larysa) February 23, 2025
Џ. Д.