Бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз централниот украински град Кривји Рих се искачи на 18, меѓу кои девет деца, соопштија регионалните власти, пренесе Еуроњуз.
Украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир, објави дека денеска е ден на жалост во Украина.
„Ден 1138. Денеска во Украина е ден на жалост. Руска ракета ги одзеде животите на 18 лица, од кои 9 се деца. Целта на русија беше детско игралиште, училиште и станбени згради во густо населена урбана зона на Кривиj Риг“, објави амбасадорката Дир на социјалните мрежи.
Ден 1138. Денеска во Украина е ден на жалост. Руска ракета ги одзеде животите на 18 лица, од кои 9 се деца. Целта на русија беше детско игралиште, училиште и станбени згради во густо населена урбана зона на Кривиj Риг.#RussiaIsATerroristState#StandWithUkraine #StopRussia pic.twitter.com/scXNZNm1cF
— Larysa Dir (@dir_larysa) April 6, 2025