Украинската армија денеска соопшти дека презела контрола врз уште еден град во источниот регион Доњецк, кој бил под контрола на руските сили.
„Украинската армија повторно го зазеде Јавкивкан“, објави на телевизија претставникот на Генералштабот на Украина, Олексеј Громов, во време кога на териториите под руска контрола се одржува референдум за нивно прифаќање во Русија.
Заземањето на градот, кој се наоѓа на источниот брег на реката Оскил, го потврдува продолжувањето на украинската контраофанзива, во која Киев успеа да поврати илјадници квадратни километри територија од соседната област Харков, јавува МИА.
„Украинците, исто така, ја вратија контролата врз позициите јужно од Бахмут, клучен град во регионот Доњецк кој беше цел на руски напади во последните недели“, рече Громов.
Референдуми за приклучување кон Русија се одржуваат во региони на Украина кои од денеска се делумно или целосно под руска контрола. Киев и Западот ваквите референдуми ги оценија како „разврат“ и голема ескалација на конфликтот.