Украинската делегација пристигна во Истанбул за да разговара за деблокирање на извозот на жито, изјавија од украинското Министерство за инфраструктура, јавува дописникот на Укринфор.
„Украинската делегација, предводена од украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков, пристигна во Истанбул за да разговара за решавање на проблемот со житото“, се вели во извештајот.
Во рамките на посетата, украинската страна се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Конкретно, страните разговараа за иницијативата на ОН за деблокирање на поморските пристаништа за да се обезбеди извоз на храна и безбедносни гаранции за бродовите.
Гутереш повторно изрази поддршка за деблокирање на украинските пристаништа и ја увери украинската страна дека безбедноста е неоспорен приоритет на ОН. Гутереш вети дека ќе вложи максимални напори за сите страни во преговорите да го следат овој принцип.
Подготви: Д.Мишев