Европскиот парламент и обезбеди на Украина локација за функционирање на центарот на украинското граѓанско општество, кој беше отворен во четвртокот во Брисел.
Како што јави дописникот на Интерфакс-Украина, на церемонијата на отворањето на центарот, кој се наоѓа во зградата на Европскиот парламент во таканаречената „Станица на Европа“ на плоштадот Луксембург во Брисел, присуствуваше и претседателот на Европскиот парламент. Роберта Мецола, украинската координаторка за граѓанско општество Наталија Мелнјук, претставничката на Украина во Европската унија, амбасадорот Всеволод Ченцов и раководителот на невладината организација “Промовирање на Украина“, Марта Баранди.
„Во овие денови на брутален напад, Европскиот парламент ја поддржува Украина, ја изразува својата солидарност и посветеност да застане до украинскиот народ во вашиот отпор кон непријателите кои ја зазедоа вашата територија. Ветуваме дека ќе направиме се што е во наша моќ за да обезбедиме дека ЕП е на првата линија за да и помогне на Украина и на украинскиот народ на кој било начин. Решивме да го отвориме нашиот дом за украинското граѓанско општество и решивме да го наречеме Украински центар“, рече Мецола.
За возврат, Мелнјук им се заблагодари на Европскиот парламент, на претседателот на Европскиот парламент и на европратениците за нивната поддршка.
„Разбираме дека овие денови стоиме рамо до рамо. Она што го правите за Украина, особено овие денови, оди многу подалеку од традиционалната одговорност на Европскиот парламент. Цениме што нè примивте во вашиот дом“, рече таа.
Според Баранди, создадениот украински центар ќе служи како комуникациска платформа за украинскиот отпор и европската поддршка.
„Ве покануваме овде со вашите иницијативи. Планираме да организираме и прес-конференции, конференции, тркалезни маси, изложби и друго, за да го почувствувате духот на нашата храбра нација“, рече таа.
По отворањето, Мецола и подари на украинската страна симболични клучеви врзани со панделки – симболи на Украина и на Европската унија. Учесниците со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите во војната.
подготви: Жорж Димовски