Украинскиот гувернер на Луганск, Серхиј Хаидаи, изјави дека Северодонецк, последниот голем град под контрола на Украина во регионот, сè уште „не е отсечен“, пренесува A1он.
„Гранатирањето продолжува. Руската армија го уништува градот, напаѓа со секакво оружје. Руските сили навлегоа во предградието, хотелот Мир. Не можеме да ги избркаме од хотелот, но тие имаат многу мртви. Нашите бранители ги одбиваат засега“, вели Хаидаи, додавајќи дека „Северодонецк не е отсечен, но камионите не можат да минуваат по патот, само автомобили. На патот од Лисичанск до Бакмут беше пукано врз многу автомобили. Опасно е да се вози по тој пат“.