Врховната рада на Украина го усвои апелот до Претставничкиот дом и Сенатот на американскиот Конгрес да ја прогласат Русија за државен спонзор на тероризмот, пренесува Укринформ.
„Врховната Рада го поддржа Апелот бр. 7341 до Претставничкиот дом и Сенатот на американскиот Конгрес да ја признаат Русија како државен спонзор на тероризмот“, објави пратеникот Јарослав Железњак на Телеграм.
Апелот го поддржаа 344 пратеници.
Како што е соопштено, пратениците регистрирале нацрт-резолуција бр. 7341 за жалбата на Парламентот на Украина до Претставничкиот дом и Сенатот на американскиот Конгрес да ја признаат Русија како државен спонзор на тероризмот.
Претседателот на Врховната Рада Руслан Стефанчук рече дека признавањето на Руската Федерација како државен спонзор на тероризмот ќе ги зајакне меѓународните санкции против неа и ќе го консолидира светот во поддршка на Украина.
Според него, Врховната рада, особено, го повикува американскиот Конгрес да воведе санкции против владините и деловните кругови, руските политички партии кои ја поддржуваат војната.
Подготви: Д. Мишев