Украинскиот пратеник Олександр Мережко ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ѝ обезбеди масивна воена поддршка на Украина, нарекувајќи го потегот „добивка за сите страни“.
„Тоа е ситуација од која сите добиваат – и САД и нашите европски партнери кои ќе ни ја обезбедат неопходната воена помош,“ изјави Мережко за Times Radio. „Во замена, тие ќе добијат понова американска воена опрема. Тоа ни дава надеж – ова е огромен чекор кон приближување на мирот во Украина.“
Изјавата на Мережко доаѓа како одговор на острата осуда на Трамп за руските напади врз цивилни цели и неговата заложба да ѝ испрати напредни оружени системи на Украина. Новиот став на Трамп, кој вклучува мобилизирање на НАТО партнери за кофинансирање на напорите, претставува значајна промена во американската политика кон завршување на војната под услови што ѝ одговараат на Украина.
Б. Ј.