Украински и руски претставници се сретнаа лице в лице во Истанбул, ова е прв пат делегати од двете земји да се сретнат лично од 2022 година, пренесува Би-би-си.
Немаше ракувања пред состанокот и има малку очекувања за пробив, но ова е чекор напред, пишува дописничката Орла Герин
Турски претставници, вклучувајќи го и министерот за надворешни работи Хакан Фидан, ги олеснуваат мировните преговори
Русија и Украина можеби се во иста просторија, но нивните ставови остануваат доста оддалечени, пишува Виталиј Шевченко од Би-Би-Си од Истанбул
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп вели дека сака да се сретне со Путин „што е можно поскоро“, како што вели државниот секретар Марко Рубио по неговата средба со украинските и турските претставници во Истанбул
М. Д.