Украинските одбранбени сили ги уништија сите 36 беспилотни летала Шахед-136/131 од иранско производство, лансирани од непријателот во раните утрински часови во четвртокот., објавија украинските воздухопловни сили на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Ноќта на 25 мај 2023 година, непријателот ја нападна Украина со беспилотни летала Шахед-136/131 од иранско производство. Севкупно, лансирани се 36 летала од северен и јужен правец. Непријателот најверојатно имал за цел да нападне критична инфраструктура и воени објекти во западните региони на државата“, се вели во објавата.
Во одбивањето на нападот беа вклучени единици на противвоздушни ракетни сили, борбени авиони, мобилни огнени групи во областите на одговорност на Воздухопловната команда југ, воздушниот команден центар, воздушната команда запад, како и воздушната одбрана на другите компоненти на Одбранбените сили на Украина.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека сите 36 беспилотни летала се уништени со заеднички напори.
Подготви: Д. Мишев