Министерството за надворешни работи на Украина најостро ја осудува намерата на Русија да започне есенски повик за служење во редовите на руските вооружени сили на 1 ноември на привремено окупираните територии на Украина.
На териториите на Украина привремено окупирани по 24 февруари 2022 година, Русија се обидува да ја спроведе политиката на ползечка анексија, која таа исто така ја применува и на Крим.
Под маската на повик, мобилизациска кампања е во тек и на Крим, чија природа и методи сведочат за стремежот на руското воено-политичко раководство да го намали бројот на Украинците и Кримските Татари на полуостровот како категорија на лица кои создаваат најголе отпор на руската окупација.
Со спроведувањето на повикот, Русија грубо ги прекршува своите меѓународни правни обврски. РФ треба веднаш да го откаже незаконскиот повик на привремено окупираните територии на Украина, вклучително на Крим. Ја повикуваме меѓународната заедница најостро да го осуди рускиот нелегален есенски повик и мобилизациската кампања меѓу украинските граѓани на привремено окупираните територии и да го зголеми притисокот со санкциите врз Москва, стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Украина.
Подготви: Д. Мишев