„Секое одложување или забавување во поддршката на одбранбените капацитети на Украина само ќе го охрабри агресорот да продолжи со војната и теророт, наместо да бара мир“, нагласи украинското МНР, во објавата за остварената средба меѓу министерот за надворешни работи Андриј Сибиха, вршителот на должноста амбасадор на САД во Украина, Џон Гинкел, пренесува Укринoформ.
Средбата се фокусирала на воената помош на САД и одбранбената соработка во услови на ескалација на агресијата и терористички акти на Русија против Украина.
Украинското МНР нагласи дека Украина ги поддржува мировните напори и ставот на САД за итна потреба да се запрат убиствата и да се стави крај на војната, и ја истакнува потребата од принудување на Русија на мир.
„Во овие околности, зајакнувањето на одбранбените капацитети на Украина и зголемувањето на координираниот трансатлантски притисок врз агресорот се од клучно значење“, соопшти МНР на Украина.
Сpоред Укриноформ се разговарало и за тековните консултации на сите нивоа во врска со снабдувањето со одбрана и понатамошните контакти меѓу Украина и САД, што ќе помогне да се најдат заемно корисни решенија за зајакнување на одбранбените капацитети на нашата земја и да се зголеми притисокот врз Русија за промовирање на мировните напори.
Претходно Белата куќа соопшти дека САД ги запреле некои испораки на оружје за Кијив, бидејќи војната на Русија против Украина се интензивирала.