• Latest

Улогата на граѓанското општество во владините реформи

July 13, 2017
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Улогата на граѓанското општество во владините реформи

July 13, 2017 16:57
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Драган Рашковски, генералниот секретар на Владата и Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество денеска одржаа работни состаноци за соработка со претставници на граѓанското општество.

Со цел да воспостави соработка и заедничка заложба за функционален Совет за соработка на Владата со граѓанското општество, Рашковски оствари работна средба со две мрежи на граѓански организации, претставници на ИПА2 механизмот и на неформалната група од 89 организации што минатата година јавно реагираа и имаа забелешки на одделни решенија од одлуката за формирање на Советот, од претходната  Влада.

Тој вети дека Владата ќе ја преземе обврската, сериозно да ги разгледа сите ставови и забелешки на граѓанските организации, а преку инклузивните политики што ги спроведува, Советот ќе претставува еден од најважните механизми што ќе ги вклучи граѓанските организации, како коректив и партнер на Владата, во креирање и спроведување политики во интерес на граѓаните.

Истовремено, министерот Манчевски потпиша Меморандум за разбирање со извршниот директор на Центарот за развојни политики „ИДЕАС ДеПо“, Александар Шахов за реализација на активности во областа на инспекциското работење.

Заедничката соработка е дел од проектот „Модернизација на инспекциските служби“,  финансиран од американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

Ваквиот однос на двајца функционери, кои не се единствени во низата (на пример, средбите на министерката Мила Царовска со претставнички на Националната мрежа протов насилство врз жените и Платформата за родова еднаквост и на министерот за финансии Драган Тевдовски со синдикатите) ветува многу.

Директното вклучување на граѓанското општество како коректор на новата власт, влегувањето на граѓански активисти во редовите на министерствата, во Собранието, во Владата, но и во партијата СДСМ, вниманието посветено да се чуе и примени мислењето и потребата на граѓанинот, во заложбите во реформските процеси, укажува на потребата да се остане гласен во барањата, идеите и иновативноста во донесувањето на политички одлуки и промени.

Од нивниот однос зависи колку новата Влада, навистина ќе биде и остане реформска и дали граѓанското општество во својата улога на критичар, ќе остане доследно во целост.

Tags: владаграѓанско општествоДамјан МанчевскиДраган РашковскимеморандумМИОАреформисоработка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ