Времето во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од два до 12, а дневната од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската темптература ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 25 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време со температури околу просекот за овој период од годината. Во недела попладне и во понеделник можна е појава на краткотраен дожд, особено во западните и југозападните делови од земјава. (МИА)