Националната галерија, во периодот на изолација кога се затворени за посета галериски простори започна нов проект „Уметнички дневници“ преку кој на социјалните мрежи презентира кратки видеа снимени во самоизолација од стана на македонски уметници.
-На наша покана, целта на една ваква активност е да го приближиме нивното секојдневие до вас, да споделуваме, да сочувствуваме, да се израдуваме на виртуелна средба со авторите и нивните дела, со цел побрзо пребродување на овој изолациски период и до скора средба во храмовите на уметноста, велат од Националната галерија.
Најавуваат дека интересена ќе биде втората половина од оваа 2020 година.
-Во периодов се испишуваат нови редови во светската и македонската современа уметност на тема креативна „корона“ (хипер)продукција, ќе постави многу прашања, ќе даде многу одговори, сосема нов оригинален, непретпоставуван дискурс, потенцираат од Националната галерија.
Прво од серијалот „Уметнички дневници“, прецизираат, е видеото на нашата уметничка Дијана Томиќ.
– Напуштени градови, природа која повторно почна да се обновува, празни улици… во почетокот и некој страв кој не доведе до самоповлекување и анализа, кои сме ние! Со оваа изолација всушност влегов во некои истражувања и експерименти на теми кои радуваат, моментот кога природата почна да го освојува просторот повторно, вели меѓудругото Томиќ во видеото.
Уметнички дневник – Дијана Томиќ
?Во текот на месец април 2020 година, Националната галерија покани 50-тина уметници да ни испратат свое кратко видео од самоизолација, креирајќи еден интересен серијал насловен „Уметнички дневник“ со што го приближуваме секојдневието на уметниците до нашите фанови.?️Ви ја споделуваме Дијана Томиќ, зборува за се она што ни се случува изминатите два месеци и како таа твори и е продуктивна во целиот овој период.За авторотДијана Томиќ – Радевска е родена во Скопје. Дипломирала во 1984 година на одделот графика на ФЛУ во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1985. Студиски престој во Дрезден при Отвореното графичко студио во 1997 година. Од 1999 година е Официјален витез на Академијата ,, Greci Marini,, Вербано, Италија., оддел за уметност. Предава ументост во СУ ИХС од 2007 година. Изработува дизајни за уникатни рачни ткаени теписи и килими. Работи графика, инсталации, видео и дизајн. Член е и основач на групата Круг.Добитник е на неколку награди на ДЛУМ, како и на диплома и златен медал на галеријата Модиљани во Милано (1996.), награда Љубомир Белогаски (1996). Самостојни изложби во Скопје( 1998, 1992, 1995,1996, 1998, 2002, 2005, 2010, 2012, 2016), Охрид(1988, 1992, 1995), Гевгелија( 1985), КУманово (1995), Милано (1996), Мастрихт(1997), Ахен ( 1998), Загреб (1999,2012), Битола(1999,2013), Фриментал (2000), Берлин (2006), Љјујорк (2006), Белград (2009), Прилеп (2011, 2016) Селектирани групни изложби во Виена, Букурешт, Скопје, Битола, Сент Николас, Париз, Дрезден, Сан Ремо, Софија, Ваљево, Варна, Офенбах на Мајна, Краков, Шамалие, Подгорица, Нови Сад…Уживајте!#уметничкидневник #дијанатомиќ #нгм #националнагалерија #уметност #уметник #ngm #artdiary #dijanatomikj #dijanatomic________________________________________________Gjatë muajit Prill 2020, Galeria Nacionale ftoi rreth 50 artistë të na dërgojnë videon e tyre të shkurtër nga izolimi, duke krijuar një seri interesante me titullin "Ditari i Artit" i cili afron jetën e përditshme të artistëve më afër fansave tanë.- E ndajmë Dijana Tomiq. Kënaquni!
Gepostet von Национална Галерија – National Gallery – Galeria Nacionale am Montag, 4. Mai 2020