“Ние младите од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, го поддржуваме проектот на реформи во партијата, од причини што истиот е единствено можно решение за излез од кризата во која се наоѓа нашата партија. Дополнително ние младите сме за подигнување на разумот и свеста, тргнување на светите на страна со цел да се организира слободен, демократски и обединувачки конгрес.”- изјавија реформаторите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата која се оддржа на 6 ноември во Клубот на новинари.
Водени од убедувањата дека УМС е носител на модернизација во ВМРО-ДПМНЕ, на овој настан беше претставена и Декларацијата за модерно и демократско УМС – Преку современо УМС до современа Македонија.
“Оваа Декларација се состои од 8 принципи – принцип на слобода и одговорност, принцпип на автономија, принцип на рамноправност и достоинство, принцип на непосреден извор и тајност во одлучувањето, принцип на конзервативна политичка едукација и истражување, принцпип на нестојливост на функции, принцип на внатрепартиска и општествена солидарност и принцип на личен интегритет и квалитет. “
Според нив, новиот проект “Три П – просперитет, просперитет и просперитет”, ќе даде одговор за тоа како младите би просперирале во Република Македонија.
Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента