Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје упати oтворен повик за учество на млади на скопскиот #YouthClimateSummit, што ќе се одржи на 10 септември во МКЦ парк.
Заинтересираните треба да пополнат пријава за учество на Младинскиот климатски самит: https://uni.cf/2WLVMn7 , како и да испратат пријава за промо на својата иновација на саемот за еко-иновации: https://uni.cf/3jzCXw6 . Патните трошоци за младите луѓе надвор од Скопје ќе бидат целосно надоместени од страна на организаторите.
Младинскиот самит за климатски промени е иницијатива водена од младите луѓе, поддржана од УНИЦЕФ МК и финансирана од Шведската амбасада во Скопје, организирана во партнерство со Амбасадата на Италија во Скопје како еден од домаќините на Младинскиот самит за климатски промени на ОН во Милано, Италија и Британската Амбасада во Скопје, како земја домаќин на Конференцијата за климатски промени на ОН, во Глазгов.
Пријавите за учество треба да бидат испратени најдоцна до 5 септември.