• Latest

УНИЦЕФ: Институционалното згрижување не може да ги заштити децата од повреда

February 17, 2018
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

УНИЦЕФ: Институционалното згрижување не може да ги заштити децата од повреда

February 17, 2018 11:08
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Случајот со злоупотребата на малолетното девојче од јавната установа за деца со воспитни и социјални проблеми „25 Мај“ е показател дека институционалната грижа не може да обезбеди соодветна заштита на децата од повреда. Решение треба да се бара во трансформирање на овие институции и згрижување на децата во семејна средина како мали групни домови, но и во зајакнување на капацитетите на социјалните служби, полицијата и вработените во образованието и здравството, смета Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија.

Тој посочува дека лицата виновни за злоупотреба или небрежност мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Иако злоупотребата се случила надвор од државна институција, додава Перкс, случајот покренува сериозни прашања за тоа како општеството ги штити најранливите деца.

– Мора да признаеме дека институционалната грижа не може да обезбеди соодветна заштита на децата од повреда. Ниту пак можат да обезбедат здрав развој на децата и нивно закрепнување од траума, злоупотреба или занемарување кои можеби ги доживеале во семејството. Токму затоа Владата, ЕУ, УНИЦЕФ и другите партнери работат заедно на трансформирање на овие институции и згрижување на децата во семејна средина, каде секое дете ќе добие соодветна грижа, љубов и посветеност – нешта што сите ги очекуваме за нашите деца, вели Перкс во писмента изјава.

Тоа, смета претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, значи повеќе згрижувачки семејства, подобри процедури за посвојување, мали групни домови со многу подобар сооднос меѓу бројот на деца и персонал, и што е најважно, работа со родителите за најпрво да се спречи насилство, запоставување и напуштање.

Злоупотребата на децата, потенцира, е глобален проблем, а сторителите на дела поврзани со сексуална злоупотреба на деца се најопасни кога ќе влезат во мрежите на трговија со луѓе. Тие, вели Перкс, ги демнат децата под заштита на државата и оние од дисфункционални семејства, честопати и децата со ниска самодоверба, слаба приврзаност и ментални здравствени проблеми.

Затоа, според него, треба многу да се вложува во полициска работа водена од разузнавачки и форензички докази за да се разоткријат таквите мрежи и најцелосно да се примени законот за сите кои би ги повредиле децата.

Ефикасноста на јавниот сектор, потенцира тој во изјавата, исто така е е важна за справување со овој проблем.

– Луѓето кои работат во социјална заштита, образование, здравство и полицијата треба да се поттикнати и мотивирани да дадат сè од себе за децата. Социјалните работници мора да бидат оснажени да постапуваат како водители на предмети и да посочуваат соодветни даватели на услуги и интервенции во низа социјални, психолошки, здравствени и други домени, а кои ќе бидат насочени кон постигнување позитивни резултати за ранливите деца, вели Перкс и додава дека доколку се сруши табуто во јавноста, може да се отвориме искрена дискусија за проблемите со насилството врз децата.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: владагрижаЕУзлоупотребаМакедонијамалолетничкареакцијарешениеУНИФЕФ
Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ