• Latest

Упатувањето на македонски амбасадор во Москва одложено на неопределено време, варварски ракетен напад врз Харков, не се испраќаат наши војници во Украина

March 1, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Упатувањето на македонски амбасадор во Москва одложено на неопределено време, варварски ракетен напад врз Харков, не се испраќаат наши војници во Украина

March 1, 2022 17:32
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

МНР го одложува испраќањето на новиот амбасадор во Москва

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција соопшти дека упатувањето на нашиот амбасадор во Москва, предходно планирано за 15 март, се одложува на неодредено време.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Петровска: Нема да има одлука за испраќање наши војници во Украина, се подготвуваат капацитети за прием на евентуални бегалци

Одлука за испраќање наши војници во Украина нема и нема да има. Северна Македонија е членка на НАТО и ние како земја членка ќе ги почитуваме и спроведуваме сите одлуки кои се носат во рамки на Алијансата, затоа што сме составен дел и од процесот на носењето на тие одлуки.

Ова го потенцираше министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска по одбележувањето на Денот на баталјонот за специјални сили на Армијата во скопската касарана „Илинден“. Таа додаде дека досега земјава се придружи на санкциите што беа воведени од страна на ЕУ.

ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕН ШЕСТИ

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ја повика меѓународната заедница да воведе  дополнителни санкции против Русија по, како што напиша на Твитер, варварскиот напад врз Харков.

-Варварски руски ракетни напади врз централниот Плоштад на слободата и станбениот кварт Харков. Путин не може да ја скрши Украина. Тој од бес прави повеќе воени злосторства, убива невини цивили – напиша Кулеба на социјалните мрежи.

„Светот може и мора да направи повеќе. Зголемете го притисокот, Целосно изолирајте ја Русија!“, напиша тој.

https://twitter.com/DmytroKuleba/status/1498569115950272517

Генерал-полковник Валериј Залужниј ,врховниот командант на вооружените сили на Украина, излезе со изјава на официјалниот Фејсбук профил на Генералштабот на украинската војска. Генералот Залужниј вели:
„Од почетокот на отворената инвазија, Русија лансираше 113 оперативно-тактички проектили од копнените и поморските база , од типови „Искандер“ и „Калибар“ врз мирните градови и села во Украина.
Ова крваво злосторство на режимот на Путин е очигледно кршење на меѓународното хуманитарно право и бара истрага од страна на Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

 Најмалку 136 цивили се убиени, од кои 13 деца, а 400 се ранети, од почетокот на руската инвазија врз Украина минатата недела, соопшти денеска агенцијата на Обединетите нации.

– Вистинскиот биланс веројатно ќе биде многу поголем, изјави Лиз Тросел, портпаролка на Канцеларијата за човекови права на ОН.Таа додаде дека 253 од жртвите се во регионите Донецк и Луганск во источна Украина.Светската програма за храна (СПХ) на ОН ги зголемува активностите во Украина, со цел да може да обезбеди 3.1 милиони лица, појасни портпаролот на СПХ, Томсон Фири.– Залихите на храна се при крај, додаде Фири.

Задорожњук: Шести ден од војната на фашистичкиот руски режим против Украина, блицкригот на Путин не успеа

Изјавата на Владимир Путин од 27 февруари да ги доведе силите за одвраќање, вклучително и нуклеарните сили, во „специјален режим“ укажува на неуспехот на Русија да оствари блицкриг против Украина, рече на денешниот брифинг украинската амбасадорка, Н.Е. Наталија Задорожњук.

 

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВАКУАЦИЈА Од вкупно 100 мапирани граѓани во Украина, 50 се веќе извлечени и уште толку треба да се евакуираат. Од овие 50 останати не се сите наши државјани, и се очекува денеска поголем дел од нив да ги евакуираме.

БЕГАЛЦИ Повеќе од 660.000 луѓе ја напуштија Украина откако Русија ја почна инвазијата на таа земја, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

– Сега имаме над 660.000 бегалци кои избегаа од Украина во соседните земји само во последните шест дена, рече портпаролката на УНХЦР Шабија Манто.

САНКЦИИ „Виза“ и „Мастеркард“ блокираа неколку руски финансиски институции од нивната мрежа по санкциите воведени поради руската инвазија на Украина.

ЕУ ЧЛЕНСТВО Европската Унија треба ургетно да го деблокира почетокот на преговори со Северна Македонија и со Албанија и не смее да дозволи Западен Балкан да го остави како отворено прашање и отворена рана, рече денеска на брифингот со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи, во однос на тоа колку е реално ситуацијата со Украина да се прелее на Балканот.

ИНТЕГРАЦИИ Членот на Австриската народна партија во Европскиот Парламент, Лукас Мандл, оцени дека се разбирливи размислувањата за членство на Украина во Европската унија. Но, според него, пред да дојде до тоа, треба да бидат примени сите земји од Западен Балкан.

МЕДИУМИ Видео хостингот на YouTube во сопственост на Гугл блокираше  голем број канали поврзани со руските пропагандни медиуми РТ и Спутник низ Европа поради тековната руска инвазија на Украина, пренесува украински Укринформ.

ЕКОНОМИЈА Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви се на исклучително солидно ниво и имаме капацитет и простор да ја одржуваме стабилноста на девизниот курс, истакна вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ Обраќањето на амбасадорот Баздникин, може да се оцени како наратив преполн со спинови и во поддршка на актуелната офанзивна и заканувачка надворешна политика на Руската Федерација, во која аргументите и фактите сè почесто заминуваат на задно седиште и заради засиленото и сè погласно ѕвецкање на оружјето, но и заради опасните спинови, чија цел е да се оправда сè поверојатното насилство во блиска иднина.

ВО ФОКУСОТ НА ЦИВИЛ – Изборниот систем и реформите

ЦИВИЛ организира онлајн настан на тема „Изборен систем и реформи: Препораките на ЦИВИЛ“, среда, 02 март, со почеток во 13.30 часот. „Во фокусот“ на ЦИВИЛ ќе се најдат повеќе актуелни и исклучително важни аспекти за изборниот систем.

Една изборна единица е најновата играчка во македонската политичка игротека. Истовремено, дел од политичарите во земјата бараат предвремени избори. Изборниот систем, изборната регулатива и самите изборни процеси се спроведуваат, за граѓанките и граѓаните! Не за политичките партии, туку за луѓето да донесат информирана одлука и да изберат кој најмногу им одговара да им служи.

За ова, и за многу други аспекти на прашањата поврзани со изборните процеси, ЦИВИЛ напиша и објави публикации на неколку илјади страници.

ИНИЦИЈАТИВА НА ЦИВИЛ: ЧЕКОР НАПРЕД КОН МУЛТИКУЛТУРНО ОПШТЕСТВО

Во услови на нестабилност во регионот и исклучително тешка ситуација за целиот свет, ЦИВИЛ ги интензивира активностите за промоција на мултикултурализмот и европските вредности во нашата земја. Под заеднички наслов „Чекор напред кон мултикултурно општество“, ЦИВИЛ ќе продолжи со своите акции со кои ќе придонесе кон почитувањето на различностите, недискриминацијата и еднаквоста во нашето општество.

КОНТЕКСТ

Мерин ЛеПен на средба со Владимир Путин во Москва

„Додека руската воена машинерија  силно удира  на Украина во најголемата инвазија што Европа ја видела од Втората светска војна, една група Европејци се чувствува особено непријатно – бранителите и навивачите на Владимир Путин. Додека Русија собираше војници околу границите на Украина, некои од овие пријатели на Путин ја минимизираа заканата или го обвинија Западот дека ги зголемува тензиите. Но, како што Путин му објави војна на Киев и балистичките проектили паѓаа врз украинските цели, таа позиција стана потешка за задржување во оваа група, што ги натера многумина да се повлечат од нивната поврзаност со Кремљ и да избрзаат со изјави за осуда на нападот“, пишува Драган Мишев во „Европските пријатели му свртеа грб на Путин“

АНАЛИЗИ

„Тој ја нарече Украина вештачка креација на Ленин. „Како резултат на болшевичката политика се појави советска Украина, која и денес со добра причина може да се нарече „Украина на Владимир Илич Ленин“. Тој е нејзин автор и архитект. Ова е целосно потврдено од архивите. И сега неговите благодарни наследници ги уништуваат спомениците на Ленин во Украина“ – истакна тој.“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Путин ја враќа империјалната логика во Русија и го руши споменикот на националната слобода“

СЛОБОДНА ЗОНА

Џабир Дерала

Познат е по подземното финансирање на хибридната и медиумската војна низ светот. Има врски со моќното руско подземје. Корумпира високи функционери низ светот. Се меша во внатрешната политика на независни и суверени држави. На власт е повеќе од 20 години со тешки изборни манипулации и кражби. Ги убива своите политички опоненти на различни начини – со труење, „самоубиства“ и улични егзекуции во мафијашки стил…“, пишува Џабир Дерала во БЛИЦ коментарот под наслов „Путлер“.

 

Сашо Орданоски / Фото ЦИВИЛ

„Тоа се однесува и на изречените ставови за војната во Украина. Уште долго ќе „пече“ кафеанската забелешка на „громовникот“ Стевчо Јакимовски по повод руската агресија врз Украина („Кој бира комичар за претседател, ќе јаде гранати за појадок“) што е изречена од претседател на партија, избран за градоначалник со илјадници гласови на локални избори. Не знам за што го гласале граѓаните на Карпош, но не верувам дека го избрале заради ваквите „гастрономски“ коментари со кои се потсмева на маката на милиони Украинци., прочитајте во колумната на Сашо Орданоски „Освен Апасиев и Стевчо, сите други се согласни дека ѓаволот ја однесе шегата!“

 

Јове Кекеновски/ Фото: ЦИВИЛ

Сè на сѐ, се работи за досега невидени санкции. Светот станува се пообединет во осудата и санкциите кон Русија и во желбата да и се помогне на Украина. Претседателите на неколкудржави членки на ЕУ, Бугарија, Полска, Латвија, Литванија, Чешка, Словачка, Естонија и Словенија со писмо побараа и поддржаа итен прием на Украина во ЕУ. Поради сомневање за сторени сериозни злосторства Меѓународниот кривичен суд од Хаг отвара истражни дејствија за случувањата во Украина. Едноставно Русија станува сѐ повеќе изолирана, народот сѐ погладен, а руските бизнисмени сѐ по огорчени на авантурата на Путин, Јове Кекеновски во колумната „Цар или мегаломан“.

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ