ЏАБИР ДЕРАЛА
Спроведува крајно деструктивна и авторитарна политика, со негување на целата позната палета на потегот од ксенофобијата и ултра национализмот. Спроведува систематска државна репресија, отворено и брутално ја гуши слободата на говорот и на медиумите. Ги форсира само нему послушните олигарси, на сметка на осиромашување и крајна експлоатација на работничката класа. Познат е по подземното финансирање на хибридната и медиумската војна низ светот. Има врски со моќното руско подземје. Корумпира високи функционери низ светот. Се меша во внатрешната политика на независни и суверени држави. На власт е повеќе од 20 години со тешки изборни манипулации и кражби. Ги убива своите политички опоненти на различни начини – со труење, „самоубиства“ и улични егзекуции во мафијашки стил.
Започна крвава војна против соседна држава во која таргетира цивилни цели, конфликт во кој за само 4 беа убиени 14 деца, а околу 500.000 бегалци ја напуштија земјата.
Се закани со нуклеарна војна.
Путин. Владимир Владимирович Путин. Милионите демонстранти низ целиот свет го нарекоа Путлер, асоцирајќи на неверојатната сличност на неговата политика со онаа на Хитлер.