Според аенцијата МЕТА, скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски – Палчо, кој вчера беше приведен на барање на Специјалното јавно обвинителство, е задржан и сè уште се наоѓа во полициска станица. Од СЈО за агенцијата потврдиле дека синоќа едно лице е приведено и задржано во полициска станица на барање на нивен обвинител, во рамките на предистражна постапка, но повеќе детали за случајот не се откриваат.
Засега, официјално не е познато за што се товари Палевски. Според агенцијата, се шпекулира дека Палевски е приведен поради тоа што на „Јутјуб“ објавил прислушувани приватни разговори на јавни личности, меѓу кои новинари и бизнисмени. Според МЕТА, уредникот на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ – Латас во СЈО пријави вакви злоупотреби, а на профилот Палевски се појавиле и снимки од бизнисменот Јордан Камчев.
[divide]
извор: МЕТА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа.
Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.