Ураганот Ијан, кој носи ветрови до 195 километри на час, сега се движи кон Флорида, каде што треба да удри подоцна денеска. Се очекуваат високи бранови, поплави и силни ветрови.
Kако што пренесува Usnews, ураганот Ијан собираше сила во Мексиканскиот Залив откако ја помина Куба и би можел да ја погоди Флорида како ураган од четврта категорија. Околу 2,5 милиони жители на западниот брег на Флорида добиле наредба да се евакуираат, бидејќи се соочуваат со најсилниот ураган од 1921 година.
Се предвидува дека градовите Тампа и Санкт Петербург ќе бидат најверојатните мети на Ијан на брегот на Флорида.
„Ве молиме, сфатете ја сериозно заканата од оваа бура. Ова навистина се случува. Ова не е вежба“, рече Тимоти Дадли, директор на службите за итни случаи за округот Хилсборо во Флорида, кој ја опфаќа Тампа.