• Latest

Урбаната мафија во охридски Лагадин

December 6, 2017

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Урбаната мафија во охридски Лагадин

December 6, 2017 10:20
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве до ЦИВИЛ беше доставена документација и писмо во кое се говори за алармантни незаконски активности на претходната локална власт во Охрид, а кои се однесуваат на с. Лагадин. Актите кои се донесени на ниво на локална самоуправа сѐ уште се во сила и им овозможуваат на оние што дел од јавноста ги нарекува „урбана мафија“ да продолжат со своите активности. Засегнатите граѓанки и граѓани на Лагадин стравуваат дека проблемите нема да се решат. Затоа, со ова ја алармираат јавноста. Екипата на ЦИВИЛ Медиа ќе продолжи со истажување на оваа тема, а во оваа прилика го објавува писмото од засегнати граѓанки и граѓани, за кое се надева дека ќе биде објавено и на другите медиуми. 

Сè уште се свежи сеќавањата на големиот бучен протест со кој на четврти август сопствениците на стотината куќи од населбата Лагадин побараа да сопре изградбата на хотелот кој никна буквално на самиот раб на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на само два-тринаесет метри од брегот на езерото, создавајќи ’кинески ѕид’ пред куќите од тој дел на населбата. За неговата изградба протестираа и неколку невладини организации.

По бројните интервенции на членовите на Здружението на граѓани „Стар Лагадин“ кај повеќе институции меѓу кои и кај Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, кај општинските надлежни органи и кај тогашниот градоначалник Бакрачески, изградбата на хотелот беше сопрена. Но, како стојат денес работите, неизвесно дали неговата изградба ќе продолжи или ќе биде донесена одлука започнатата градба да биде отстранета. Сега оставено е таа одлука да ја донесе новиот градоначаник на Охрид.

Граѓаните се прашуваат како воопшто беше можно да дојде до отпочнувањето на таа градба, кога речиси неподелени се мислењата дека идејата на тоа место да никне таква градба е толку апсурдна што наведува на заклучокот дека тука станува збор за коруптивна зделка или за она што граѓаните го нарекуваат градежна (или урбанистичка) мафија.

Објаснувањата на надлежните од општината уште во текот на пролетта беа дека градежната дозвола му е издадена врз основа на т.н. Општ акт донесен од Советот на општина Охрид во октомври 2015г., како „Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во с.Лагадин за кое нема урбанистички план“. Лагадинци беа вчудоневидени: нивната населба беше изградена според постоечки урбанистички план, а таков, со извесни измени и дополнувања сè уште постои! Побараа изработка на експертиза која треба да покаже дали е можно да се тврди дека „нема урбанистички план“. Добиената експертиза (изготвена од професор на Архитектонскиот факултет) им потврди дека со т.н. Општ акт се уредуваат „услови за начини на градење“ само за села и/или подрачја за кои нема и никогаш немало урбанистички план, односно дека со Општ акт не може да биде суспендиран урбанистички план, туку дека еден урбанистички план престанува да важи само тогаш кога тој ќе биде заменет со донесување на нов урбанистички план и дека тој Општ акт е незаконски.

Врз основа на оваа експертиза Здружението „Стар Лагадин“ уште во април до Уставниот суд на Македонија покрена Иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на Општ акт за с. Лагадин. Се очекува во догледно време Уставниот суд позитивно да се произнесе, односно да го поништи тој Општ акт.

Но, маките на луѓето од Лагадин како допрва да започнаа. Кон крајот на август разбраа дека уште во јануари на еден сопственик на куќа во средишниот дел на населбата, врз основа на тој Општ акт добил одобрение неговата едноспратна куќа да ја сруши и на тоа место да изгради нов објект на двојно поголема површина од постоечкиот и со висина од 13 метри – висина еднаква на висината на спорниот хотел.

Утврдија и дека според одредбите на Општиот акт и со применувањето на сè уште важечкиот Закон за градење, односно неговиот најспорен член 72,  (донесен во времето од претходната власт, а чија скорешна измена министерот Сугаревски сè уште пред повеќе од еден месец ја навести), нивната населба може да биде буквално уништена – во неа да им никнат секакви големи згради и комерцијални објекти и со еден збор – да им се случи дебармаализација на населбата. Повторно почнаа да се обраќаат до сите возможни институции, па и до новозбраниот градоначалник бидејќи беа убедени дека со неговиото превземање на функцијата ќе биде дојден и крајот на таквите неволји. Бидејќи (и до денес) не се отпочнати никакви активности за градба на тој нов објект беа убедени дека како и новиот градоначалник на Скопје, и новиот Градоначалник на Охрид веќе почнал да се справува со мафијашкото наследство од претходната власт.

Така изгледаше сè до објавувањето на „Службен гласник“ на општина Охрид на 14-ти ноември. Вистински шок за нив беше јавната објава испечатена на неговата последна страница (потпишана од раководителот на секторот за урбанизам Бранко Арнаудовски) со која се обзнанува дека на истото лице (пвторно!?) му се издава одобрение за градба на истиот објект! На луѓето од Здружението не им преостана ништо друго освен да побараат прием кај градоначалникот (терминот за прием се’ уште не им е определен) и до Основниот суд во Охрид да поднесат барање за издавање на времена мерка со која би и’ се наложило на Општина Охрид да стопира издавање на правосилни одобренија за градење врз основа на Општиот акт, а издадените да ги стави во мирување. Инаку, тие одобренија според Законот ги издава градоначалникот. Од судот се’ уште не е стасано известувањето за побараната времена мерка.

По сето ова лагадинци велат: ова ви е како сега Шилегов да почне да издава одобренија за нови барокни фасади затоа што минатиот состав на Советот на Град Скопје донел таква одлука за нивната изведба, а секако и галиите (како и хотелот во Лагадин) да си останат.

Затоа што претходните градски власти таква одлука донеле. Ако е така – тогаш нека ни е на здравје.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЛагадинОхридурбанизам
Share42Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ