• Latest

Уредникот на ЦИВИЛ Медиа пријавил „фантом“ во својот стан, па со „кирајџијата“ и самиот станал спорен гласач!?

August 3, 2016
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Уредникот на ЦИВИЛ Медиа пријавил „фантом“ во својот стан, па со „кирајџијата“ и самиот станал спорен гласач!?

August 3, 2016 21:15
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

По објавувањето на Избирачкиот список на увид и по електронската проверка, уредникот на ЦИВИЛ Медиа, онлајн реагираше до ДИК дека лицето Т. Г., кое според списокот, живее во неговиот стан, е „фантом“, и со право очекуваше надлежните да ја исправат грешката. Наместо тоа, покрај фантомскиот „кирајџија“ Т. Г., на листата на спорни 39.502 гласачи, сега се наоѓа и името на уредникот, иако тој повеќе од деценија, живее на истата адреса со сета документација за сопственост на станот и со лични документи (пасош и лична карта), гласа на истото гласачко место во неколку циклуси и редовно плаќа данок?!

Дали објавувањето на листата од 39.502 наводно спорни гласачи, како единствен „резултат“ до 19 август, ќе има само и само, создавање на уште поголема конфузија за претстојните избори? Иако уште од првиот момент кога ДИК го објави на увид хаотичниот Избирачки список, ЦИВИЛ – Центар за слобода, објавуваше податоци кои ги добиваше од терен како резултат на долгорочното набљудување, (а кои беа и тоа како илустративна потврда за недоследностите во прочистувањето на списокот и отвараа широк простор за сериозни сомневања дека наводната теренска проверка на ДИК, не е доволен механизам за конечно прочистување на списокот и за враќање на довербата на гласачите во изборниот процес), сепак, јавноста се надеваше дека партиските преговори и активностите на ДИК ќе вродат со плод и дека новиот прочистен список нема да биде дотолку контроверзен.

ЦИВИЛ ги повика сите граѓан(к)и да ја извршат својата граѓанска должност, да проверат дали се дел од новата листа и ако тоа е случај – да се пријават, за да придонесат кон пречистувањето на Избирачкиот список и кон обезбедувањето услови за фер и демократски избори.

Но, искуството покажува дека граѓаните за тоа можат да бидат и казнети поради катастрофалната ситуација со списоците/листите. .

принскрин фантом синиша

„Од оправдани причини не бев во можност веднаш да реагирам на Јавниот повик за пријавување на граѓани чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни записи, односно, за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните – предмет на проверки во Избирачкиот список, но денеска, колегите новинари ме известија дека и мене ме ‘нашле’ во спорните гласачи?!“, вели Синиша Станковиќ, уредник на ЦИВИЛ Медиа.

„Иако по три децении во новинарството, ми е сосема јасно до кое дереџе е стасана кутрава држава, на кој било план што подразбира минимум организација и координираност, сепак, се надевав, дека откако сигнализирав за ‘фантомот’ кој нели, според власта, живее во мојот стан, некој нешто и ќе преземе. Наместо тоа, иако никој не ме ‘вкрстувал’, ниту теренски проверувал, и самиот станав спорен гласач! А лицето Т.Г. ниту живее, ниту живеело на мојата адреса во последниве 20 години! И сега, наместо ДИК да се справува со сопствените валкани алишта, поради нечија неспособност и неграмотност, треба јас самиот, или да се тормозам да исправам туѓи грешки, па да одам во подрачните единици на Државната изборна комисија, или во канцелариите на Управата за водење на матични книги, или пак, да ризикувам, ако не го испочитувам рокот, да не бидам внесен во списокот на гласачи и да не можам да гласам. Тотално лудило! Во Македонија последнава деценија навистина се е можно, ама ова е невиден резил што ја проблематизира способноста и особено политичката волја на власта воопшто да организира било какви избори…“, вели Станковиќ.

 

nashiot kirajdzija

 

Според Станковиќ, добро е што ДИК; објавила на веб-страницата Кодекс за набљудување на процесот за пријавување на граѓан(к)ите, а уште поубаво е што ќе се спроведува и медиумска кампања со спотови и преку пласирање потребни информации и преку пошта. Но, тој бара конкретна одговорност и одговор на прашањето – како одеднаш се нашол меѓу 90-те „спорни“ гласачи од неговата општина.

„Најверојатно ќе мора, според примерот на почитуваниот дипломат Сашко Тодоровски, и јас јавно да побарам од ДИК, да спроведе внатрешна истрага за тоа како моите лични податоци се нашле меѓу ‘спорните’, а ако на изборите не ми биде овозможено да гласам, да ја тужам ДИК, или одговорните лица кои внатрешната исграга би ги посочила како виновници, со намера или од некомпетентост, сеедно. Не знам, не можам да тврдам дека се работи за ‘позајмување’ на УСБ од некоја личност од ДИК, за намерен фалсификат, за изборен криминал, ама…., да не е ептен тажно, би било многу смешно. Ова е карикатура, а не подготовка за ‘кредибилни’ избори“, вели Станковиќ..

ЦМ

Tags: „кирајџија“ДИКизборинеспособностСпорни гласачитеренска проверкафантоми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ