Членот на Државната комисија за спречување на корупција, Жаклина Дамчевска денеска поднесе оставка, потврдија за МИА од Антикорупциска.
Вчера оставка поднесе и претседателот на ДКСК Игор Тантуровски, а претходно и членот на Комисијата и нејзин поранешен претседател Горан Миленков.
Тројцата членови на ДКСК се повлекоа од функцииите откако пред неколку дена беше објавен извештајот од внатрешната ревизија направена во Комисијата. Во него се наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари.
За извештајот на ревизорите за Антикорупциска, истрага отвори Јавното обвинителство, а парламентарното мнозинство ги повика членовите да си поднесат оставки или ќе биде иницирано нивно разрешување во Собранието.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.