Твитер профилот што се појавува под името „Марга“, познат по своето ноторно сеење лажни вести и омраза, се појави со твит во кој се повикува ОЈО и МВР да реагираат на говорот на омразата од профилот под име „Карлос“.
„ОЈО? МВР? Ќе реагира некој? До кога со заканиве по живот од активисти на СДСМ и ЦИВИЛ?“ – гласи твитот на познатата „Марга“, под кој се ставени фотографии од објави на „Карлос“.
Оваа објава е чиста манипулација, со која се прави обид за релативизирање и наметнување на впечатокот дека говорот на омразата е својствен и за ЦИВИЛ. Во изминатиот период, ЦИВИЛ ја извести јавноста за изклучително агресивната онлајн активност на овој Твитер профил кој е во мрежата која е веќе разоткриена и за која е познато дека на организиран начин шири лажни вести, дезинформации и говор на омразата.
Точно е дека твитот од „Карлос“ на кој посочува „Марга“ содржи говор на омразата и како таков е евидентиран и се проверува во кој контекст е објавен, но крајно злонамерна манипулација е доведувањето на тој твит во врска со ЦИВИЛ. Едноставно, секој збор и став во објавата на „Марга“ претставува неинтелигентен и лошо осмислен обид за злоупотреба на твит од некое трето лице, манипулација и ширење лажни вести и клевети.
ЦИВИЛ го осудува говорот на омразата, вклучително и тој што може да се препознае и во твитот на „Карлос“, иако „Марга“ не се потрудила, најверојатно намерно, да открие кој е контекстот во кој тој твит е напишан. Инаку, објавите на профилот на „Карлос“ само дополнително можат да ги поткрепат овие тврдења.
Неодамна, ЦИВИЛ испрати неколку прашања и пријава до МВР кои се однесуваат на голем број случаи на говор на омразата на политичка, етничка, верска и друга основа кои се шират на организиран начин и чии мети се политичари, политички партии, организации на граѓанското општество, активисти, експерти и други категории на граѓанки и граѓани. Одговор нема.
ПРОЧИТАЈТЕ И:
Говор на омраза: Џабирци ШИПТАРИШТА мразат Македонци до коска