• Latest

Уште едни избори пред крај на годината?

February 11, 2019
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во мекедонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Уште едни избори пред крај на годината?

February 11, 2019 10:01
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Со дупки во Изборниот законик, неусогласеност на изборните единици, култура на клиентелизам и корупција длабоко всадени во сите пори на општеството, неизвесен квалитет на Избирачкиот список и низа други системски проблеми… Официјално влеговме во претседателскиот изборен процес, веќе сега заматен од густата смеса од национализам и сите останати наши болештини. Што уште треба да знаеме, пред да продолжиме да чекориме по македонскиот политички макадам?

Џабир Дерала

Значи, остануваат острите контрасти во македонската политика, а политичките партии се единствениот фактор на одлучување во Република Северна Македонија, која денеска го остава ФИРОМ зад себе. Навидум, се крена тешката завеса на изолационизмот што ја спушти Груевски врз македонската држава. Навидум, сега полесно се дише со евроатлантските перспективи пред македонската држава. Навидум, бидејќи и општеството и државата зависат исклучиво од политичките партии. Тие го окупираа и последното парче од животот на луѓето, пред сѐ, со замена на Агенцијата за вработување – беа и останаа бироа за вработување.

Ова наше македонско општество останува длабоко поделено по етнички, верски и (најмногу) по политички линии на разграничување со бодликави жици. Единственото мешање настанува со коруптивните пазарења меѓу политичките партии. Поточно, бодликавите жици се топат само ако партиите се договорат меѓу себе. Тоа, пак, се случува не врз основа на идеи и програми, туку врз основа на лукративни спогодби, вработувања врз грбот на граѓан(к)ите, амнестии за тежок криминал и неспособност на огромен дел од државниот апарат.

„Едно општество за сите“ е благороден и модерен концепт во кој очигледно веруваат премалку носители на одлуки. Без оглед на искреноста на премиерот Заев, промоторот на концептот „Едно општество за сите“, тој е во малцинство во сопствената партија, а да не зборуваме за тие што се во коалиција со него, а најмалку опозицијата што забрзано ита наназад во мрачното и крваво минато. Во најдобар случај, овој концепт се разбира како „едно општество за сите етнички заедници“ што партиските лидери го преведуваат во бројки на вработени и парични износи.

Сега, на сето тоа мора да се додаде скандалозниот начин на практикување на власта на сите нивоа, во безмалку сите ресори и области. Кога ќе се види какви скандали има на секое ќоше од функционирањето на државата, на човек не му преостанува ништо друго освен да вреска колку што го држи гласот. Тогаш, веројатно ќе добие налепница за високо ниво на аудио загадување или така нешто. Очигледно е дека отсуството на правната држава влијае на сѐ друго, а најмногу на состојбите на човековите права и слободи.

Тезата дека ова е економска година за Македонија, што ја промовира Зоран Заев со неговиот тим, се заканува да стане само уште една предизборна флоскула, бидејќи за „економска година“ е потребно сѐ што оваа држава во моментов не поседува. Ни треба мала и ефикасна администрација. Ни требаат политики за задржување на младите и, воопшто, работната сила, што најдобро се прави ако владее социјална правда. Ни треба правна држава. Значи, сѐ што немаме.

Сево ова има врска со изборите, па нека се и претседателски. А што ќе се случи? Може да пропаднат од најмалку две причини. Мицкоски, соочен со пораз, по кој ќе мора да сфати дека одамна е политички пензионер, ќе повика на бојкот на вториот круг од изборите. Втората причина е можната апстиненција на голем дел од гласачкото тело, поради сѐ пооправданата разочараност.

Потоа, в.д. Претседател ќе биде Талат Џафери шест месеци кога ќе треба да се организираат нови избори. Во меѓувреме, додека евробирократите се занимаваат со други работи, ќе се создадат услови и за предвремени парламентарни избори. Повторно стрес, повторно национализам, назадување, поделби, анти-економија. Знаеме и кој нема да победи, а кој нема да изгуби на тие избори. Поточно, уште еднаш ќе изгубиме само ние, обичните смртници. На здравје бричење со тапо џамче. Зелено.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share90Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ