• Latest

Успехот ја обедини Северна Македонија

November 12, 2020

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Успехот ја обедини Северна Македонија

November 12, 2020 22:15
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот фудбал оди на Европско! Конечно, имаме историски резултат благодарение на нашата репрезентација, на нашите херои. Гордоста и посветеноста победуваат, радувај се народе!, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук, откако македонската фудбалска репрезенатција со победата во Тбилиси над селекцијата на Грузија, Северна Македонија за прв пат ќе игра на Европско првенство кое ќе се одржи идната година.

Премиерот Заев на неговиот Фејсбук профил објавил и дека на вечерашнава владина седница донесоа одлука од буџетските резерви да ги наградат сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство.

Претседателот Стево Пендаровски вечерва и честиташе на македонската фудбалска репрезентација за победата во мечот со Грузија, со која се пласираше на Европското првенство.

-Историски успех на македонската фудбалска репрезентација! Браво момци, се гордееме со вас! Одиме на Европско!, напиша Пендаровски на својот фејсбук-профил.

И лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски им ја честита победата на македонските фудбалери.

„Победа вредна 30 години и историски резултат. Честитки за јунаците кои со срце, вложена сила и талент покажаа дека Македонија може големи работи. Македонија ви се поклонува“, напиша Мицкоски.

Министерот за здравство Венко Филипче ги повика граѓаните пласманот на Европското првенство да го слават со почитување на мерките. По победата на нашата фудбалска репрезентација над Грузија, Филипче на својот фејсбук прифил напиша дека ова е голем ден за заслужено славје, но сепак ги замолува граѓаните тоа да биде со почитување на мерките за заштита.

„Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток на прославите на успесите на македонската репрезентација“, напиша Филипче.

Но, сепак апелот на Филипче не го испочитуваа граѓаните, по победата на нашата фудбалска репрезентација во центарот на Скопје и во другите градови се масовно се слави.

Мухамед Зекири на Фејсбук напиша: Пандев, Елмас, Адеми, Алиоски, Несторовски, Ристовски, Муслиу, Бејтулаи, Велковски, Николов, Димитриевски, Барди… #СонотСтанаРеалност.

По победата честитки стигнаат од сите страни…

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ