• Latest
Фото: МИА архива

Уставни измени и реформи за влез на Северна Македонија во ЕУ, проширувањето и во фокусот на европските политичари

September 1, 2023

Препораки на ИЈЗ за заштита од високите температури

June 8, 2025
Фото: Фејсбук на вицепремиерот Николоски

Има работа за тој што сака да работи: Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски се сретна со претседателката на белгиската фудбалска федерација, Ван Даме

June 8, 2025

Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови

June 8, 2025
Вучиќ-Путин (фото извор: Газета Експрес)

Крајот на руско-српското пријателство: Вучиќ се заигра со „седењето на две столчиња“

June 7, 2025
epa08176355 Results of vote during plenary session on BREXIT vote of the European Parliament in Brussels, Belgium, 29 January 2020. Britain's withdrawal from the EU is set for midnight CET on 31 January 2020, with the European Parliament scheduled to vote on the Brexit Withdrawal Agreement.  EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Според студија на ЕУ, застапеноста на жените во европскиот парламент е намалена во однос на изборите во 2029 година

June 7, 2025

Косовските пратеници ниту по 28-ми пат не успеаа да формираат парламентарен состав

June 7, 2025

Владата отвора директна телефонска линија за барањата и потребите на повредените во пожарот во Кочани

June 7, 2025

Во Газа Курбан Бајрам се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Уставни измени и реформи за влез на Северна Македонија во ЕУ, проширувањето и во фокусот на европските политичари

September 1, 2023 09:02
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Темата за проширувањето на Европската унија, временската рамка со која се одредува период за исполнување на одредени услови и реформи од страна на земјите аспиранти, но и промените што треба да се случат во самата Унија за да се овозможи влез на нови членки деновиве се во фокусот не само кај нас туку и во Брисел и меѓу земјите-членки на Унијата.

За Северна Македонија тоа ќе значи исполнување на условот за менување на Уставот, за што веќе започна собраниската процедура и реализација на одредени реформи. Власта и најголем дел од партиите ги поддржуваат уставните измени, додека најголемата опозициска партија и покрај разговорите и повиците и средбите со претставници на меѓународната заедници останува на ставот против уставни измени и за брзи избори.

If we adopt the decisions in Parliament, North Macedonia will be the first Western Balkan country to join the European Union in 2030, said Prime Minister Dimitar Kovachevski in an interview T

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски синоќа во телевизиско интервју изјави дека ако ги донесеме одлуките во Собранието, Северна Македонија ќе биде првата земја од Западен Балкан која ќе стане членка на ЕУ во 2030 година.

Тој истакна дека она што го кажа претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на Бледскиот стратешки форум и изјавата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји покажува дека Европа влегува во процес на реформи заради проширувањето и потребата самата Унија да се подготви за нови членки.

-Јасни се пораките дека за прв пат после многу години, ЕУ е подготвена за проширување и прием на нови членки до 2030 година. Тоа се поклопува со нашата цел и она на што го работи Владата. Ако ги донесеме потребните одлуки во Собранието, во 2030 година ќе бидеме првата земја од Западен Балкан којашто ќе стане членка на ЕУ, рече премиерот Ковачевски.

Макрон повика на компромис со политичките сили во земјата за да се дојде до „јасно мнозинство“

Коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за „Европа со повеќе брзини“, премиерот потсети дека прв пат оваа формулација ја употребил францускиот претседател Франсоа Митеран на заедничка прес-конеференција со германскиот канцелар Хелмут Кол во 1994 година на која посочил дека постојат држави кои нема да сакаат да се откажат од своите домашни валути и нема да го воведат еврото. И тоа и се случи, вели Ковачевски, посочувајќи дека некои земји членки се приклучиле комплетно, побрзо, некои станале дел од Шенген, а некои го вовеле и еврото. Истото се однесува и на земјите од Западен Балкан и како пример ги посочи Северна Македонија и Хрватска.

-Подобар пример од повеќе брзини не постои. Сега доколку не ги донесеме потребните одлуки тоа ќе значи дека и Црна Гора, Србија и Албанија ќе отидат пред нас и ние ќе останеме во друштво на Босна и Херцеговина и Косово. Дали ние сакаме да останеме во тоа друштво? Тоа се држави кои имаат се уште елементарни проблеми во своето функционирање. Јас не се согласувам нашата држава и нашите граѓани да бидеме во групата со Косово и со Босна и Херцеговина во евроинтеграциите, бидејќи во моментов ние сме пред сите држави во регионот, рече Ковачевски.

Според него, земјата била 11 години во изолација и во чекалната на ЕУ поради политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние бевме 17 години во чекалната на ЕУ, благодарение на политиките кои што ги имаше владата на ДПМНЕ и 11 години во изолација. Ние го почнавме нашиот европски пат заедно со Хрватска. Денес Хрватска е земја членка на ЕУ, земја членка на Шенген и земја која го воведе еврото. А ние само минатата година ги започнавме преговорите. Неприфаќањето на носењето на одлуките денеска ќе значи токму тоа, спречување на напредокот на нашето општество, рече Ковачевски.

Осумдесет отсто од македонските граѓани, како што посочи, се за интеграција на државата во ЕУ и доколку не се донесат одлуките во Собранието, ќе биде спречен напредокот на земјата.

Коментирајќи ја посетата на американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар, премиерот рече дека таа била уште една цврста порака дека САД како стратешки партнер на Северна Македонија дава поддршка на уставните промени со цел членство на земјата во ЕУ.

За барањето на опозицијата за избори, Ковачевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ повторува само еден збор: избори и ништо не работи.

– ВМРО-ДПМНЕ денес ми наликува на некој нов вид на птица, би го нарекол ВМРО – папагал кој што повторува само еден збор: избори. Ако прашате колку е часот ќе ви кажат избори. Ако прашате имате ли план, ќе ви кажат избори. Имаа локални избори, после локалните избори поминаа две години и ниту еден проект нема. Едно време само повторуваа ќе имало бугаризација, ќе имало асимилација, сега веќе и тие аргументи ги нема затоа што аргументите пропаднаа после цела година од изгласувањето на преговарачката рамка каде што ние веќе го водиме процесот на преговори како Македонци со чист македонски јазик. Најново што измислија е бугарски диктат. Не е точно дека е бугарски диктат, уставните амандмани се подготвени од страна на македонски експерти во македонското Министерство за правда, рече Ковачевски.

Тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ треба прв пат во својата историја да се одважи и да поддржи стратешки процес за државата.

-Одлуката за продолжување на европскиот пат не е одлука за поддршка на Владата, туку за поддршка на евроинтеграциите, на она што го сакаат граѓаните – подобар животен стандард, подобро владеење на правото, подобра демократија, поголема социјална правда. Нашите граѓани се иселуваат во ЕУ, не се иселуваат таму каде што ги нема овие елементарни и основни фундаментални придобивки од ЕУ.  Затоа државата треба да биде членка на ЕУ, рече премиерот Ковачевски.

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во изјава за Канал 5 телевизија посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да бара предвремени избори ако од Владата кажат НЕ на францускиот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски завчера во обраќање на партиски собир во Штип кажа дека уставните измени се натурени, наметнати и диктирани од надвор и народот е против во огромно мнозинство и затоа ВМРО-ДПМНЕ вели не.

-Погледнете како тоне нивната последната сламка за спас. Францускиот претседател им ја кажа вистината. Европска унија им испрати абер. Сето тоа што го кажуваат не е точно. Јасно е. Без внатрешни реформи кои вие седум години не ги правите, без оправање на секторите и состојбите на секое поле, нема да има ни афричка унија, а не пак европска. Народот бара ресет. Оваа Влада ги изгуби и легитимитетот и кредибилитетот, вели Мицкоски.

Според Мицкоски, 2030 ни ја продаваат за светлата година која треба да дојде во состојба кога нема гаранции ни дека државата ќе стане членка на ЕУ до 2063 година. -Македонија е уморна од ветувања на европски бирократи кои не тапшаат по рамото ветувајќи работи кои не доаѓаат, рече тој.

Bashkimi Evropian duhet të vendos një kornizë kohore për zgjerimin e ri, sepse nëse nuk vendoset ky qëllim, BE-ja asnjëherë nuk do të jetë e gatshme të pranojë anëtarë të rinj, tha kryetari i

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел синоќа на брифинг со група дописници од Брисел рече дека Европската унија мора да си постави временска рамка за новото проширување, бидејќи ако не биде поставена таа цел, ЕУ нема никогаш да биде подготвена за прием на нови членки.

– На тој начин изговорите веќе нема да бидат можни од ниту една страна. Едно е јасно, ако не си поставиме цел, никогаш нема да бидеме подготвени, изјави Мишел.

Според него, одредувањето на конкретен датум за проширувањето ќе ја охрабри ЕУ да се подготви за овој процес, а на земјите од Западниот Балкан им дава специфична временска рамка за исполнување на нивните обврски.

Мишел во обраќањето на Бледскиот стратешки форум на почетокот на неделава изјави дека ЕУ треба да биде подготвена да прими нови членки до 2030 година, што предизвика реакции и во Брисел и кај земјите кандидати за членство.

Во одговор на новинарско прашање за коментар на изјавата на Мишел во Блед, портпаролката на Европската комисија, Дана Спинант завчера изјави дека проширувањето на Европската Унија е политички приоритет за ЕК, но тоа е процес заснован на заслуги. Според неа, Еврокомисијата не е фокусирана на датуми, туку на блиска соработка со земјите кандидати за да се подготват за влез во ЕУ.

Високиот претставник за надворешни работи на ЕУ, Јосеп Борел, не сака да ја коментира најавата на американската администрација за санкции против Меѓународниот кривичен суд, но рече дека ја пр

И високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел вчера на прес-конференцијата по завршувањето на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата во шпанскиот град Толедо изјави дека поставувањето на временска рамка за проширувањето, може да ја мобилизира енергијата на ЕУ и на земјите кандидатите за членство.

– Украина ќе стане членка на ЕУ, а исто и Западниот Балкан. Но, поставувањето на временска рамка, може да ја мобилизира нашата енергијата и енергијата на земјите кандидатите за членство, истакна Борел, додавајќи дека војната во Украина како колатерален ефект го има забрзувањето процесот на проширување.

Тој сепак нагласи дека проширувањето на ЕУ е процес што се базира на исполнување на критериуми.

-Една земја ќе стане членка кога ќе ги исполни сите услови, но важно е да му се даде политички поттик на процесот, истакна Борел, додавајќи дека и Унијата мора сама да се подготви за процесот на прием на нови членки.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУинтеграцииуставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ