• Latest

Уставниот суд бара докомплетирање на неговиот состав, за Џафери опструкциите во Собранието го оневозможуваат изборот на уставни судии

February 8, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уставниот суд бара докомплетирање на неговиот состав, за Џафери опструкциите во Собранието го оневозможуваат изборот на уставни судии

February 8, 2022 09:19
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска вчера испрати писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери со барање во најскоро време да се изберат нови четворица уставни судии, на што собранискиот спикер одговори дека поради опструирање на работата на Комисијата за избори и именувања, Законодавниот дом не може да го изврши изборот на нови уставни судии, пренесува информативната агенција МИА.

Во писмото до Џафери, Кацарска изразува загриженост за состојбата со намалениот број на членови на Уставниот суд и бара од него „да го заложи својот авторитет“ и во Собранието да се изберат нови четворица уставни судии.

– Уставот ја дефинира Република Северна Македонија како парламентарна демократија во којашто поделбата на државната власт е темелен принцип, а Уставниот суд како орган на Републиката  ја штити уставноста, законитоста и човековите слободи и права. Од тие причини, Ви се обраќам да Ве информирам за ситуацијата во која се наоѓа Уставниот суд и неговото отежнато функционирање во последниот период со само петмина судии, иако Уставот предвидува полниот состав на Судот да биде со девет судии, наведе Кацарска во писмото.

 

Таа нагласува дека ваквата состојба има влијание при одлучувањето и често се случува предлогот да не го добие потребното мнозинство, поради што во моментот за 16 предмети не може да се донесе одлука поради недоволно мнозинство.

– Покрај ова, морам да напоменам дека пред Судот треба да се разгледуваат предмети кои се од врвен интерес за државата, а за кои е потребно да се одлучува во полн состав со што одлуките би имале поголема тежина, вели Кацарска во писмото до Џафери, барајќи од него лично да го заложи својот авторитет како претседател на Собранието да бидат избрани нови уставни судии со што би се зачувала функционалноста на Уставниот суд.

На ваквото барање на Кацарска, Џафери одговори дека поради тоа што се опструира работата на Комисијата за избори и именувања, во моментов Собранието не може да избере уставни судии и да овозможи непречено функционирање на Уставниот суд.

– Собранието, согласно своите уставни надлежности е информирано за истекот на мандатот на уставните судии, односно Собранието, по предлог на Комисијата за избори и именувања избира уставни судии од редот на истакнати правници во Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека се опструира работата на Комисијата за избори и именувања (преку изигрување на процедура и примена на методи кои што Претседателот на Собранието ги има елаборирано пред јавноста), предлозите на членовите на Комисијата не може да добијат зелено светло за истите да бидат разгледани на пленарна седница на Собранието и во моментов Собранието не може да избере уставни судии и да овозможи непречено функционирање на Уставниот суд, се вели во одговорот на Џафери на писмото на Кацарска.

По барањето на Кацарска и одговорот на Џафери, преку соопштение реагираше ВМРО-ДПМНЕ наведувајќи дека за уставни судии се потребни решенија за кои ќе има заедничка согласност дека се квалитетни и професионални.

– ВМРО-ДПМНЕ нема против предлози кои се компетентни и стручни во својата област. Останува да проследиме кои се тие експерти од уставното право кои ќе бидат предложени.

Ако се партиски и политички решенија како што е самата Кацарска сосема е јасно дека нема да бидат прифатени, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од девет судии, Уставниот судот во моментов работи само со петмина судии, откако им истече мандатот на останатите четворица членови, а Собранието се уште нема избрало нивни наследници. Во јули минатата година им истекоа деветгодишните мандати на уставните судии Елена Гошева, Никола Ивановски и Сали Мурати, а на 14 јануари годинава и на Јован Јосифовски. До крајот на 2022 година истекува мандатот и на судијката Вангелина Маркудова и доколку дотогаш не бидат избрани нови уставни судии, Уставниот суд не ќе може да работи.

Во моментов поради преполовениот состав на судот одложени се расправите по 11 предмети меѓу кои и за законите за Јавното обвинителство, за високото образование и за додатоците на пратениците, како и Деловникот за работата на Владата.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ