Група ученици од втора година во скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ денеска ќе го посетат Одделот за онкологија на Детската клиника и ќе донираат пакетчиња.
Донацијата е дел од проектот што учениците го изработуваат во рамки на предметот „Иновации и претприемништво“ под менторство на професорката Татјана Голчева.
– Во својство на млади идни претприемачи, нашата намера е добротворна и хумана, а целта на посетата е доделување новогодишни пакетчиња и подароци на заболените деца, вели за МИА Ева Наумовска, ученик во II-8 и дел од групата што ќе ги посети дечињата на Онкологија.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.