Пишува: САФИТ ЗЕЌИРИ
Последните неколку години според многу истражувања, сведоци сме колку време поминуваме на социјалните мрежи. Брзиот начин на комуникација, читање вести, гледање видеа, нови музички спотови, изјави на политичарите…. и се за едно подобро утре. Утре да тоа нешто што често го употребувме, “да, утре ќе биде!…, секако, утре се гледаме…, утре ќе дојде колешката/гата…, докторката утре ќе врши прегледи…, итн.
Ако чекате за утре, доаѓа утре. Ако не чекате за утре, „утре“ сепак доаѓа. Но, дали некогаш сте се запрашале што е утре? Утре е моментот на времето што го добиваме откако ќе се разбудиме наутро, тоа е познатиот временски круг што се повторува на секои 24 часа. Да да, секако дека не се чудиме на одговорот, зар не го знаеме, утре е утре.
„Утре“ е непредвидливост, тоа е серијал од прашања што нè водат кон ден повеќе, да бидеме еден ден постари, но сепак немаме идеја што ќе добиеме и што ќе изгубиме. Утре е мизерно тешката позиција кога треба да работиме, да размислуваме и да се бориме. Утре е како празна лист хартија.
Може да оставиме да биде празен, да чкртаме со нешто или да направиме да стане ремек-дело. Значи, какво ќе биде „утре“, зависи од нас самите.
Или, малку поинаку, колку од нас можат да живеат навистина значајно и целосно за утре?
„Утре“… е, ги игнорираме сите таги од вчера, затоа што не можеме да го смениме она што му припаѓа на минатото. Утре… ќе го сакам и ќе го ценам секој среќен момент од мојот живот. Иако се кратки, тие се највредните подароци што ги добивам на овој свет. И задоволство ми е да ги споделам со другите …
Утре… ќе се соочам со предизвиците со сета своја храброст и доверба, ќе се трудам максимално за да ги надминам пречките.
Нашето утре… е секојдневна употреба на истите работи со нови моменти. Треба да се сменат работите во нашата држава за нас, и ова утре да биде едно подобро задутре!
Додека се уште мислиме, кажуваме, мразиме, оговараме, ова наше„ утре“ нема да се промени, а промените се тие што потребни за едно такво добро утро, кое сите го сакаме, со кафе, и денот нека започне, кон „Утре“.