Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, е оптимист дека преговорите за консензуален претседател ќе имаат позитивен епилог. Утре за оваа тема тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, веднаш по завршувањето на седницата за пратенички прашања во Собрание. “Јас мислам дека оваа работа ќе има епилог. Утре имам средба со Зоран Заев за да му дадеме крај на овој процес”, изјави Ахмети. Тој додаде дека односите во коалицијата не се во криза а изјавите на Мухамед Зекири дека може да има влада и без ДУИ, ги нарече – само како изјави на еден функционер на СДСМ.
А. Зеќири