ВАКЦИНА Тестирање на вакцина врз луѓе за коронавирусот ќе започне во септембри. Фармацевтската куќа Џонсон & Џонсон открива дека тестирањето на нивната експериментална вакцина за КОВИД-19 врз луѓе ќе започне во септември и дека за итни потреби би можела да биде достапна на почетокот на 2021 година. Над 1 милијарда долари (900 милиони евра) се наменети за истражување на вакцина.
ЦРНИ СТАТИСТИКИ Повеќе од 750,000 случаи на КОВИД-19 се регистрирани низ светот, со над 35,000 смртни случаи. Италија е втора земја, по САД (159,689 случаи, 2,951 вкупно починати), која регистрира 101,739 случаи и вкупно 11,591 смртни случаи.
РЕЦЕСИЈА Економските советници на германската влада велат дека поради пандемијата е „неизбежна“ рецесија во првата половина на 2020 година. Во најлошо сценарио, производството ќе се намали за 5,4%.
ОГРАНИЧУВАЊА САД ги продолжија ограничувањата поради коронавирус до 30 април.
ВЛАДЕЕЊЕ СО ДЕКРЕТИ Унграскиот парламент во понеделникот донесе нов закон со кој на екстремно десничарскиот премиер Виктор Орбан значително му се зголемува власта. Законот ѝ дозволува на владата на неопределнео време да ја продолжи вонредната состојба и пропратните овластувања од владеење со декрети.
МОЛБА ЗА ПОМОШ Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, побара повеќе медицински волонтери, додека болничкиот брод на морнарицата пристигна на пристаништето за да му помогне на градот. „Ве молам дојдете на ни помогнете во Њујорк сега. Потребна ни е помош“, напиша Гувернерот Куомо на Твитер, „Без разлика дали е Детроит, Њу Орлеанс, ќе си го најде патот низ земјата. Ќе ја возвратиме услугата во вашиот час на потреба“.
I am asking healthcare workers across the country:
If things are not urgent in your own community, please come to New York.
We need relief for nurses. We need relief for doctors.
If you can, help us: https://t.co/hr8dG89QK2
We will return the favor in your hour of need.
— Andrew Cuomo (@NYGovCuomo) March 30, 2020
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ МАСКИ ЗА ЛИЦЕ Маските за лице сега се задолжителни за луѓето кога одат да пазаруваат, како и во сите други прилики каде луѓето доаѓаат во близок контакт едни со други во Австрија и Словенија.
ОГРАНИЧЕНА МОБИЛНОСТ Словенците веќе нема да им биде дозволена да ја напуштат општината во која што живеат.
КРЕАТИВНА ПОЛИЦИЈА Колумбија воведе ограничување на движењето низ целата земја за да го спречи ширењето на коронавирусот. Од дронови на небото до серенади на улиците, полицијата стана креативна во нивните обиди да ги поттикнат луѓето да се придружуваат на огранижувањата на нивните движења.