• Latest

Утврдени неправилности во огласите и процедурите за вработување во М-НАВ

February 6, 2024
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Утврдени неправилности во огласите и процедурите за вработување во М-НАВ

February 6, 2024 14:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Тројцата инспектори од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) по двонеделниот надзор на четирите огласи за вработување во М-НАВ констатирал неправилности. При надзорот посебен акцент се стави на законитоста на постапките за вработување по четири јавни огласи, се вели во соопштението кое денеска беше објавено од страна на ДИТ. Неправилности има, се додава во соопштението, при спроведено интервју за огласот број еден објавен во август 2023 година.

– Работодавачот не доставил писмен доказ за спроведено интервју со кандидатите од фаза два од објавениот оглас 2/2023 што е спротивно на член 23 став 1 алинеја 2 од Законот за работни односи, се вели во соопштението на ДИТ.

Трудовите инспектори констатирале и неправилности од страна на работодавачот во огласот број два објавен во декември 2023 година, во кои се барало пополнување на вкупно 11 извршители во М-НАВ.

 – За дел од работните места од огласот број 2 наведените услови не се предвидени во актот за систематизација со што работодавачот постапил спротивно на член 23 став 1 алинеја 2, во врска со член 19 став (2) од Законот за работните односи.Работодавачот не навел врз основа на кои критериуми го извршил изборот од кандидатите кои што исполнувале услови, а врз основа на кои критериуми останататите кандидати не се избрани и покрај тоа што истите ги исполнувале условите по објавениот оглас за соодветното работно место за кое аплицирале, велат од ДИТ.

Во соопштението од Државниот инспекторат за труд се наведува и дека  работодавачот без основ ги поништил одлуките на четворица кандидати за работните места студент инжињер и студент техничар и покрај тоа што можел да спроведе законска постапка за вработување и во фискалната 2024 година

– Работодавачот работниот однос на дел од работниците го пријавил на ден 29.12.2023, односно истиот ден кога работникот треба да стапи на работа, што е спротивно на член 13 став (3) од Законот за работните односи, констатирале во извештајот инспекторите на ДИТ.

Посочуваат и дека рокот на огласот за кандидатот за работно место Самостоен советник сметководител со внесување во електронскиот систем на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АРРСМ) изнесува три денови и покрај фактот што работодавачот навел рок од десет денови, со што огласот објавен во АВРСМ е во спротивност во делот на времетраењето со објавениот оглас од страна на работодавачот. Инспекторите при надзорот констатирале и дека  до денот на надзорот од страна на работодавачот и АВРСМ не е извршена корекција за работното место на кое е пријавен кандидатот во образецот М1/М2 со што истото се разликува од работното место за кое кандидатот склучил договор за вработување со работодавачот.Работодавачот доставил ургенција до АВРСМ и по истата не е постапено.

– На неизбраните кандидати за работните места студент инжињер и стдудент техничар не им се доставени Одлуките за поништување за изборот со што им е ускратено правото на правна заштита, се вели во соопштението на ДИТ.

Државниот инспекторат за труд денеска преку соопштение информираше и дека за утврдените неправилности ќе се изрече глоба во висина од 600 ЕУ за правното лице и 400 ЕУ за одговорните лица поединечно.

– Ќе се донесе инспекциска мерка решение согласно Законот за работни односи со кое ке се задолжи работодавачот да ги поништи Одлуките за неизбраните кандидати и да ги спроведе донесените Одлуки за избор за работните места студент инжињер и стдудент техничар, се потенцира во соопштението на ДИТ.

По пријавата за работата на синдикатот на М-НАВ извршен е надзор на Независниот Синдикат на сообраќај и врски Мралино Илинден.  Надзорот е извршен во присуство и на Претстедателот на Синдикатот,  Александар Тасевски. Според извештајот не се констатирани неправилности и инспекторите ја утврдиле фактичката сосотојба, а според која Акционерското друштво М-НАВ АД Скопје, на ден 12.04.2022 година со Струковиот синдикат на контролорите на летање-ССКЛ, склучиле спогодба со која постигнале согласност во врска со динамиката на враќање на средствата кои се задржани од работниците за 2020, 2021 и 2022 година, согласност да се изврши промена на систематизацијата на работните места кај работодавачот, како и подобрување на условите за работа.

-Со оглед дека наведената спогодба не била почитувана од страна на работодавачот, на ден 05.05.2023 година, Синдикалниот одбор на ССКЛ донел одлука за отпочнување на штрајк на ден 14.06.2023 година, за што писмено го известил работодавачот .Во известувањето е наведено дека најавениот штрајк нема да започне доколку се спроведе постапка за мирно решавање на колективниот работен спор. Од доставените барања кои синдикатот ги додставувал до работодаавчот се утврди дека истите содржат барања за остварување економско социјални права, се вели во соопштението на ДИТ.

По ова Министерството за труд по службена должност покренала постапка за помирување и за помирувач од Регистарот на помирувачи и арбитри го определил лицето Лазар Јовевски.По одржаниот состанок помеѓу Управниот одбор на М-НАВ АД Скопје и ССКЛ наведените страни склучиле спогодба во врска со наведените барања. Во соопштението се наведува и дека со оглед дека на ден 14.08.2023 година бил потпишан Колективниот договор и Анексот 1 Претседателот на Синдикатот го известил Управниот одбор дека штрајкот закажан со почеток за 15.08.2023 година се става во мирување.

-Помирувањето завршило без конкретни постигнати спогодби и двете страни и понатаму ќе продолжат со взаемна комуникација за изнаоѓање на позитивно решение на настаниот спор.Со оглед да не е постигната конкретна спогодба од двете договорни страни ССКЛ писмено го известува Управниот Одбор дека ке го реактивира штрајкот со почеток од 10.01.2024 година, утврдиле при надзорот инспекторите на ДИТ.

Во извештајот кој е доставен до медиумите се вели дека и до денот на вршење на инспекцискиот надзор иако од страна на синдикатот штрајкот во неколку наврати бил писмено најавуван на работодавачот истиот никогаш не бил започнат.

Tags: ДИТМ-НАВ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ