• Latest
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи, Валентина Божиновска, настапи со заканувачки говор на омраза и со хушкачка реторика велејќи дека собирот пред ДИК е „вечер на долгите ножеви“ (15 декември, 2016 година, скриншот од видео)

Валентина Божиновска и Срѓан Керим дел од Стратешкиот совет за надворешна политика на МНР, ЦИВИЛ со остра реакција

May 20, 2021
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Валентина Божиновска и Срѓан Керим дел од Стратешкиот совет за надворешна политика на МНР, ЦИВИЛ со остра реакција

May 20, 2021 15:11
in ВЕСТИ, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи, Валентина Божиновска, настапи со заканувачки говор на омраза и со хушкачка реторика велејќи дека собирот пред ДИК е „вечер на долгите ножеви“ (15 декември, 2016 година, скриншот од видео)

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи, Валентина Божиновска, настапи со заканувачки говор на омраза и со хушкачка реторика велејќи дека собирот пред ДИК е „вечер на долгите ножеви“ (15 декември, 2016 година, скриншот од видео)

Share on FacebookShare on Twitter

Денес, во просториите на Министерството за надворешни работи се одржа инаугуративен состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика. На состанокот, воведно обраќање имаше министерот за надворешни работи Бујар Османи кој ги претстави целите на  воспостувањето на ова советодавно, експертско тело во рамки на стратешкиот проект на МНР – “Рефлексија 2030”.

Меѓу 26-те членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на Министерството за надворешни работи што денеска го објави министерот Бујар Османи се и Валентина Божиновска и Срѓан Керим. Османи имаше состанок со членовите на кој кажа дека има имиња со различни мислења и токму тоа е важно за овој Совет да чуе различни идеи и ставови.

Срѓан Керим е еден од двајцата осомничени во случајот на СЈО за пропаднатата Медиа принт Македонија, a Валентина Божиновска е позната по тоа што после изборите 2016 година, рече дека тоа ќе биде „вечер на ножевите“, што асоцираше на „Ноќта на долгите ножеви“ во 1934 година.

Освен Керим и Божиновска, членови на советот се Марјан Ѓуровски, Нано Ружин, Денко Малевски, Марко Трошановски, Ивана Туфегџиќ, Гордан Горгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски.

„Крајна цел на овој проект е изработка на сеопфатна стратегија која ќе понуди еден поинаков светоглед, збир од различните аспекти, еден вид рефлексија на различни леќи, заснован врз инклузивност и партиципативност на сите релевантни општествени чинители. Внимавав да добиеме широка општествена интелектуална и експертска претставеност. Не се ограничив да поканам и поединци кои имаат цврст и јавен политички став, но кои во исто време се ослободени од притисокот на дневната политика“, изјави  Османи.

ЦИВИЛ, пред почетокот на вториот јавен настан на тема „Говорот на омразата во политиката“, излезе со остра реакција на оваа одлука на министерот Османи. „Божиновска ќе остане запаметена по говорот за долгите ножеви по изборите во декември, 2016 година, додека Керим по разорното дејство врз медиумите во времето кога беше во позиција тоа да го прави“ – рече Џабир Дерала, во својата изјава во живо.

Б. Ј.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ