„Ова треба да биде траен крај на војната, а не привремен крај, како што видовме во минатото. Знаеме дека практичната реалност е дека ќе има дискусија за територијата и ќе има дискусија за безбедносните гаранции. Тоа се фундаментални основи кои ќе бидат основа на секаков вид дискусија“, изјави по американско-руските разговори за ставање крај на војната во Украина, советникот за национална безбедност на САД, Мајкл Валц.
„Но, мислам дека најважниот дел е што претседателот ја изрази својата желба, неговата решеност да стави крај на оваа војна, да стави крај на убиствата што се случуваат… Тоа не е во интерес на ниту една земја. Тоа не е во интерес на светот, а секако не е во интерес на САД и Европа“, додаде тој.
Дополнително додаде дека и двете страни од конфликтот посотјано се консултирани.
„Ако сакате да ги споите двете страни, мора да разговарате со двете страни. И ние ќе продолжиме да ги потсетуваме сите, буквално, за неколку минути откако претседателот Трамп ја прекина телефонската врска со претседателот Путин, тој се јави и разговараше со претседателот Зеленски“,изјави Валц.
Тој додаде дека САД посотјано ги консултирале нивните сојузници и дека е продолжат и понатаму, пренесува Гардијан.
Како коментар на постојаните повици за „безбедносна гаранција предводена од Европа“ и зголемени трошоци за одбрана во Европа, Валц смета дека Европа мора да води во безбедносните гаранции.
„Фактот дека една третина од нашите сојузници во НАТО сè уште не придонесуваат со минимум 2% од нивниот БДП во одбраната една деценија откако сите заедно го склучивме тој договор не е прифатлив. Ова е заеднички напор. Ова не е само за она што САД ќе продолжат да придонесуваат и што ќе продолжиме да бараме од американскиот даночен обврзник. Сите ние треба да ги донесеме тие тешки одлуки. Сите ние мораме да придонесеме за нашата заедничка одбрана и очекуваме дека ова ќе биде двонасочна улица за нашите европски сојузници, а фактот што и Обединетото Кралство, Франција и другите зборуваат за посилно придонесување за безбедноста на Украина, сметаме дека е добра работа“, изјави Валц.