• Latest

Вандализирање на бугарското знаме лажно претставено како чин на СДСМ

November 21, 2020
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вандализирање на бугарското знаме лажно претставено како чин на СДСМ

November 21, 2020 13:40
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа вчера го разобличи начинот на кој се „палеше“ бугарското знаме на социјалните мрежи.

Денеска на ред е „нов тренд“ каде лажни профили, овој пат претставувајќи се како дел од структурите на СДСМ, „уринираат“ по бугарското знаме.

На Фејсбук вчера е формирана лажна страница, со вчерашен датум, 20 ноември, ОО СДСМ Нагоричане, на која се објавени фотографии на човек свртен со грб како уринира на знамето на Бугарија со коментар: „За клетите Бугарски Фашисти! Кркајте вето сега“.

Вистинската Фејсбук страница всушност е О.О СДСМ Нагоричане, кои веднаш ја демантираа оваа вест.

„Почитувани, се појави ЛАЖНА фан страна со слично име на нашата фан страна на општинската организација на СДСМ Старо Нагоричане, на која се постираат лажни содржини и фотографии кои се навредливи и шират омраза. Најостро ги осудуваме и се оградуваме од тој профил и апелираме надлежни институции да реагираат“, велат од О.О. СДСМ Нагоричане.

Фејсбук страницата на Бојкотирај Северна Македонија (со пречкртано Северна Македонија) го искористи моментот за да го „промовираат“ овој чин на местење на партијата на власт, СДСМ.

И официјално СДСМ го осуди ваквото злоупотребување и создавање на дезинформации: Срамно и штетно манипулирање од структурите на ВМРО-ДПМНЕ кои не и посакуваат добро на македонската иднина! Преку лажни профили очајно се трудат да пласираат лажни вести и да шират говор на омраза, но веднаш се разобличени! Нема да успеат обидите на очајникот Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ да создадат раздор и нетрпение. Апелираме до граѓаните, да продолжат да ги отфрлаат овие губитнички и назадни политики и однесувања на противниците на македонската интеграција.

„Се работи за метод на создавање на дезинформации што не го гледаме за првпат. Начинот на ширењто упатува на истите центри на моќ, кои беа активни и за време на референдумот, и за време на изборите, и кои редовно се „вклучуваат“ при вакви деликатни ситуации каква што е во моментот таа со Бугарија. Овие објави не се случајни, туку намерно осмислени и злонамерни, бидејќи и по очигледните деманти и разоткривања, се шират и понатаму. Се работи за сили кои се против евроатлантските интеграции на Северна Македонија, и кои постојано потпалуваат  тензии внатре во земјата, делејќи ги граѓаните по секакви основи, но и потпалување омраза кон соседите. Во случајов, целта е двојна – и дискредитација на напорите на владејачката партија за смирување на тензиите со Бугарија, но и нашите соседи чие достоинство се повредува“, изјави Петрит Сарачни, медиумски експерт од ЦИВИЛ.

Да потсетиме, ЦИВИЛ, како организација која во континуитет се бори против лажните вести, говорот на омраза и дезинформации, особено во времето на предвремените парламентари избори во јули, со соочи со истото вакво лажно профилирање. ЦИВИЛ беше жртва на лажно претставување, со лажни профили на ФБ и Твитер, како резултат на јавното разобличување на профилите наменски креирани за ширење говор на омраза и лажни вести.  

Ист таков случај е забележан и со Борјан Јовановски, а твитерџии често ги менуваат своите прекари за да објавуваат лажни вести во име на познати политичари.

За вчерашната објава со палењето на знамето ЦИВИЛ Медиа побара одговор од МВР дали ќе реагираат и ќе спроведат истрага за пронаоѓање на лицата кои го запалија знамето на Бугарија, но не добивме одговор до моментот на објавување на содржината. На листата на барање одговори го додаваме и ова ширење на дезинформации.

Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ